• Немате производи во кошничката.

ДВЕ ГОДИНИ – СКАЛА МАГАЗИН

Драга Скала, 

Среќен ти втор роденден. Ти посакувам будно и неуморно и понатаму да ја следиш локалната сцена и настани, да ги поддржуваш и промовираш младите автори и студенти, критички и храбро да зборуваш за образованието, да ги поврзуваш артистите со индустријата, затоа што беше и си гласот на новата сцена!

Остани кул, остани секси! 

Среќно!
Твојот најверен читател - времето.




Добро утро креативци! 

Денес [1 јуни, 12:00ч.], „Скала магазин“ наполни две години од првиот објавен напис.

Нека расте потребата за нашето постоење! 
Драги артисти – да се множат причините за вашето творештво!
Драга публико – културата е вашата духовна храна, ќе се обидеме внимателно да го сервираме месечното мени. 

Скала магазин е платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена. „Скала“ изгради целосен мултидисциплинарен простор на заедница од млади автори, како и лица кои се активни учесници на уметничката и дизајн сцена, поврзувајќи ги нивните искуства низ различни и целосно автентични форми: 

1. Дигитален пишувачки медиум :: +20 неделни и месечни рубрики, од едукативен и информативен карактер [колумни, есеи, интервјуа, репортажи…]; 

2. Печатени изданија :: Првиот број е испечатен во 500 примероци, високо квалитетни 4 типа на хартија и печат, голем формат 310х240мм. Вториот број е закажан за јуни 2022 г. 

3. ТВ студио :: +10 аудио-визуелни типови на содржини во форма на: подкасти, кратки репортажни интервјуа; 

4. E-продавница :: На својата платформа, Скала има интегрирано своја е-продавница со +100 автори и +1.000 продажни уметнички артефакти, дизајнерски дела и сл.; 

5. Галериски изложби :: „Скала“ ја врати публиката во галерија – затоа што уметноста припаѓа во галерија, а не на инстаграм! +60 Автори имаа можност да ги изложат своите дела на првите 5 „Скала“ изложби, коишто ги посетија +2.000 посетители. 

6. Панел дискусии и отворени предавања :: Едукацијата и дијалогот се најважни елементи за развој на прогресивно и критичко општество. +30 отворени предавања од еминентни универзитетски професори и професионалци од дејностите. 

7. Добро утро креативци :: Саем за креативни искуства и размисли! Еднодневен настан за промоција на компании од креативните индустрии, автори уметници, дизајнери и занаетчии, со свој штанд + музика, изложби, панел-дискусии… 

8. Скала – Школа за дизајн, уметност и технологија :: На 10 годишнината од постоењето на Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, се ребрендираше и го промени своето име во „Скала“!






Денес официјално започнува со ангажман новата генерација Скалаџии!

ГЛАВНА РЕДАКЦИЈА:
Главен и одговорен уредник: Дејан Џолев;
Заменик уредник: Елена Божиновска;
Уредник на дизајн: Андреј Павлов;
Уредник на фотографија: Антонио Станков;
Пишувачки уредник: Ана Голејшка Џикова;
Односи со јавност: Марија Пејоска;
Маркетер: Бранко Кордовски;
Веб девелопер: Георгиј Голабоски;
Лектор: Николче Јакимовски;
Правни работи: Кристина Крагујевска;
Финансии: Оливера Матакова;

КРЕАТИВЕН ТИМ:
Видеографи + фотографи + дизајнери:
Андреј Игњатовски,
Андријана Антова,
Дејан Ичев,
Ана В’чкова,
Гаја Смилевска,
Стефани Караџовска,
Сара Секулоска.


СКАЛА МАГАЗИН – Глaс на новата сцена!


 

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ