• Немате производи во кошничката.
Отворен повик На скалички со Скала Магазин

ОТВОРЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО РУБРИКАТА „НА СКАЛИЧКИ СО“



Најпопуларната Скалаџиска рубрика „На скалички со“ е совршено место за раскажување креативни размисли низ уметничкиот развој на нашите млади уметници, дизајнери, автори.

Преку 60 направени интервјуа и полни порфолија со проекти во изминативе две ипол години сведочат за тоа колку оваа рубрика има потенцијал да стане простор за сите оние кои сакаат и имаат што да покажат.

Конкурсот е отворен, и трае до 15 март. Важи и за сите оние што веќе биле дел од рубриката.

Со овој јавен повик сакаме да Ве поканиме да ни се придружите со вашите идеи! Ќе бидат одбрани 5 автори: дизајнери, сликари, фотографи, актери, режисери, визуелни и сценски артисти. Одбраните автори ќе имаат задача да ја развијат својата идеја до конечно дело/а, коешто ексклузивно ќе биде претставено во рубриката „На скалички со“. Процесот на авторот ќе биде менториран, но и дополнително потпомогнат во продукцискиот дел од Школата за дизајн и уметност Скала “[поранешно „Џолев и уметностите“]. Дополнително делата ќе се промовираат и продаваат на Скала-продавницата.



OТВОРЕН ПОВИК
РУБРИКА: // НА СКАЛИЧКИ СО

ПРИЈАВИ СЕ ТУКА


Погледнте ги сите објавени разговори и портфолија од рубриката: тука другари!

 Придружи ни се и качи се скалa повисоко!




Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ