КОНКУРС ЗА САЕМСКО УЧЕСТВО: ДОБРО УТРО КРЕАТИВЦИ 2.0
Добро утро на сите! Саемот за креативни искуства и размисли „Добро утро креативци“, во организација на „Скала магазин“, годинава ќе се одржи по вторпат, од утро до мрак, на 21 мај во „Паблик рум“.
Целта на овој настан е на едно место да се соберат и претстават актуелните случувања во креативните индустрии, уметноста, дизајнот, културата и образованието. Програмата ќе вклучува саемски изложбен и продажен простор, музички перформанси, панел дискусии, отворени предавања и галериска изложба.
По тој повод, ги повикуваме сите правни лица, регистрирани за вршење дејност од областа на културата, како и физички лица кои се занимаваат со визуелни уметности и дизајн (графички, продукт, моден дизајн, фотографија, сликарство, архитектура, ентериер, дизајн на мебел), занаетчии, издавачи, галерии и сл. да се пријават на објавениот конкурс за учество, отворен до 2 мај.
Секој од одбраните учесниците ќе има на располагање изложбен (саемски) простор од 8 до 12 м2 за времетраењето на целиот настан. Просторот е на располагање за вршење на секаков тип промотивни, рекламни, продажни, комерцијални и некомерцијални активности во рамките на дејноста. Дополнително, секој од учесниците ќе добие промотивен простор на дигиталната платформа на „Скала магазин“, во форма и рамките на постоечките рубрики, вклучително и простор за е-трговија во „Скала продавница“.
Искористете ја можноста за вмрежување, продажба и размена на креативни искуства и размисли!
Пријави се веднаш [ тука ]. Десетте најинспиративни апликации ќе бидат дел од саемскиот простор. Резултатите ќе бидат објавени на 5 мај.
Овој проект е поддржан од Young Cities. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на авторите и не ги одразуваат оние на Young Cities.
Погледни дел од атмосферата, од првото издание на „Добро утро креативци“.
______
Фотографии: Марко Вилиќ