• Немате производи во кошничката.

СКАЛА МАГАЗИН – ПРВ ПЕЧАТЕН БРОЈ!


Добро утро креативци, нашата заедница денес е побогата – излезе од печат првиот број на Скала магазин!


Мијте заби, врзете патики, на точак или пеш и правец на промоција:

# 136 страници, гооолем формат; 
+ 3 типа супер квалитетна хартија и печат; 
+ пример за дизајн и фотографија;
+ содржина којашто ќе се препрочитува постојано, засекогаш; 
+ задолжителна лектира за вашата библиотека. 



Ве очекуваме на сончева дружба [14 мај, помеѓу 15 и 19 часот], во рамки на саемот за размена на креативни искуства и размисли Добро утро креативци кој ќе се одржи на зелениот трем во Public Room + хепиаур коктели + Мартина Пенева која ќе го дополни амбиентот со диџеј сет според новите [моментални] препорачани општествени норми од секторот за децибели при надлежното министерство.


Првите 100 броја од магазинот ќе можат да се купат по промотивна цена од 600 денари – резервирај си го твоето списание по промотивна цена или купи онлајн веднаш!



Првите 100 примероци // 600 ден.
Редовна цена // 900 ден.

Најдраг читателу… Поддржи ја домашната сцена и младите автори, ние ним сме им потребни, вие нам сте ни потребни. На оваа планета не можеме едни без други. Ве очекуваме креативци и добро утро на сите : )


Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ