• Немате производи во кошничката.
започнаа уписите - скала - џолев

Започнаа уписите во Скала за Академската учебна 2023/24 год.


Новата учебна 2023/24 година на Академиите за дизајн во Скала стартуваше! ▼


Во оваа година предвидено е да се запишат 160 студенти во академската 2023/24 на нашите Академии за: Графички дизајн, UX/UI+ дизајн, Визуелни уметности, Моден дизајн и Ентериер и продукт дизајн и еден ексклузивитет и новина: Академија за фотографија! Единствена Академија од овој тип понуди со богата наставна програма.

За сите кои ќе „фатите“ место до 15 мај, ви следува попуст до 500€!


ЗОШТО ДА ЈА ИЗБЕРЕТЕ АКАДЕМСКАТА ПРОГРАМА НА СКАЛА:

[Затоа што е важно од кого учите!] Врвен искусен менторски тим составен од професионалци од дејностите и еминентни универзитетски професори;
[Затоа што е важна социјализацијата помеѓу студентите] Предавањата се со физичко присуство, а во текот на студиите се организираат голем број на настани меѓу кои: презентации на студентски портфолија пред избрани компании, учество на најголемата студентска изложба за дизајн, работа на професионални проекти, конкурси, итн.
[Затоа што е важен амбиентот и техничката подготвеност на просторот] Дизајн стандардите на Скала се пренесуваат и преку просторот и атмосферата за работа. Дополнително студентите имаат на располагање современо фото+видео студио, комплетно опремено модно атеље, 3Д принтери и таблети за цртање, работилница за дизајн на мебел, материјали за работа и сл.
[Затоа што е важно да научите да креирате и комбинирате различни медиуми] Повеќето од локалните академии се фокусирани на техничкиот дел од изучувањето на алатките за дизајн, но во Скала Школата фокусот е насочен на методологијата на работа, принципите и теоријата во пракса.
[Затоа што грижата за промоција и поврзување на студентите со индустријата е важна] Уште во текот на студиите, студентите ги презентираат нивните дела преку првата платформа за промоција на млади артисти и дизајн сцена – Skala Magazine, а по нивното завршување, Скала се единствени коишто преку јавни презентации ги спојуваат студентите со компаниите од индустријата каде продолжуваат на пракса.



АКАДЕМИЈА ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

Aкадемијата за Графички дизајн е место каде се учи сѐ „фром скреч“. Овде нема строги правила, само силни страни преку методологијата на учење и искуството на менторите.

Прочитај повеќе тука.

академија за графички дизајн - скала - џолев


АКАДЕМИЈА ЗА UX/UI+ ДИЗАЈН

Академијата за UX/UI + дизајн e создадена за иновативни и интерактивни умови кои ќе креираат веб-страници. Покрај фокусот на дизајн (Adobe XD + Illustrator + Photoshop), уникатноста на оваа Академија е надополнета со Front-End web development, WordPress и SEO.

Прочитај повеќе тука.

академија за ux ui дизајн - скала - џолев


АКАДЕМИЈА ЗА ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ

Инспиративна академија за креативци што сакаат да го остварат својот мултидисциплинарен потенцијал. Средина во која може да се избере Видеографија, Motion Design, Анимација. Одлична можност за професионална надградба во различни полиња од креативната индустрија.

Прочитај повеќе тука.

академија за визуелни уметности - скала - џолев


АКАДЕМИЈА ЗА МОДЕН ДИЗАЈН

Академијата за моден дизајн е место каде се соединуваат креативноста и иновативноста. На оваа академија се создаваат шанси за идната професија на студентот, како моден дизајнер, моделар, костимограф, стилист во модната индустрија.

Прочитај повеќе тука.

академија за моден дизајн - скала - џолев


АКАДЕМИЈА ЗА ФОТОГРАФИЈА [ново!]

Потребите на пазарот диктираат трендови во креативните индустрии, каде што фотографијата е неизбежен сегмент. На Академијата за фотографија, единствена по својата исклучителна програма, добивате  професионално порфолио и искуство за отворање свои бизниси, студија, но и влез во поширокиот пејсаж на индустријата.

Прочитај повеќе тука.

академија за фотографија - скала - џолев


АКАДЕМИЈА ЗА ЕНТЕРИЕР И ПРОДУКТ ДИЗАЈН

На единствената Академија за ентериер и продукт дизајн се учат сите актуелни апликации за дигитално рендерирање, 2D скицирање, 3D печатење… Покрај тоа, особено внимание се
посветува на методологиите на дизајн и ликовните принципи. Низ програмата, студентите добиваат шанса да влезат во реална работилница и процес на производство.

Прочитај повеќе тука.

академија за ентериер и продукт дизајн - скала - џолев

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ