• Немате производи во кошничката.
ентериер дизајн џолев

НА СКАЛИЧКИ СО МАРИЈА ИФТИМОВА


Еднаш месечно „на скалички“ го разгледуваме последниот проект во портфолиото на локален млад артист или студент по дизајн и уметност.

Овој месец се дружиме со пет студенти и нивните семестрални проекти од предметот „прототип дизајн студио“ при Академијата за ентериер и продукт дизајн, под менторство на Катерина Трпковска и Деспина Здравкова.


Денес седнавме на скалички со Марија Ифтимова, да продискутираме за нејзиниот последен проект „Side table V“.

Марија е деталист, кој сака да создава микс од уникатност и природен изглед. Приоритет и се возбудливи и некогаш нереални решенија со цел да создаде публика која знае што ѝ е потребно. Секојдневна рутина ѝ е во изнаоѓање и креирање нови уникатни дизајн-решенија, додека инспирацијата ја црпи од секаде околу неа, се до моментот на „еурека“. Таа дипломирала ентериер дизајн на Европски универзитет во Скопје, додека денес е студентка на Академијата за ентериер и продукт дизајн при Школата за дизајн и уметност Џолев и уметностите.


За делото…


Side table „V” креиран со огромна претпазливост, сплотеност кон природата и елеганција истовремено. Витките контури му додаваат нова димензија на ова уникатно парче. Создадено за луѓе кои секогаш успеваат да се издвојат од толпата, кои посветуваат време на себе, на удобна софа, со шолја кафе и добра книга.


За процесот...


Искрено, процесот на создавање беше напорен само на почетокот, додека го решив технички и исцртување во 2Д, сѐ потоа беше прелесно и пребрзо бидејќи знаев конкретно што сакам да постигнам и целев кон тоа. Буквално, беше брз и лесен продукт за реализација.


За Академијата…


Академијата е неверојатно добро искуство, неформалниот начин на учење коешто го пренесуваат професорите е повеќе од потребно за нашата струка. Професорите се достапни во секое време и тоа е голема предност. Сите ментори се одлични!


За иднината…


Искрено, во моментот работам на солиден проект поврзан со дизајн, ентериер и продукт. Нека остане изненадување засега, но се надевам на што побрза реализација и остварување.






Рачна скица 1



Рачна скица 2





Технички цртеж со коти



Рендер



Конечен продукт [фотографии]










_____
Фотографија [насловна]: Антонио Станков


Главен и одговорен уредник на Скала магазин. Филмски режисер и визуелен уметник со јавно самостојно, групно и фестивалско претставување на филмски, театарски, фотографски, дизајнерски и пишани дела. Наградуван и пофалуван дома и во странство. Последно јавно претставување, самостојна фотографска изложба “Тркалезни форми” во Галерија Прима Центар во Берлин, Германија. Основач и ко-сопственик на Џолев и уметностите.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ