БОШ ФЕСТИВАЛ
„За новата генерација, новите мерки и новата нормала“ – 12. издание на БОШ фестивал од 4ти до 5ти септември
Фестивалот на современа независна уметност – БОШ фестивал годинава ќе го одбележи своето 12 издание во Гевгелија во периодот од 4ти до 5ти септември.
„Овој пат во радикално поинакви, но есенцијално важни услови за безусловно да се испрати порака дека е неопходно да се продолжи слободно да се твори, да се создава, разменува, прифаќа и обединува. За новата генерација, новите мерки и новата нормала на старата локација. Да се собереме на дистанца, да се одбереме од нормален, понормален до најнормално ненормален, сè НАЈ“, повикуваат организаторите.
Во програмата се предвидени изложби, промоции, инсталации, мурал, но и музички перформанси. Локациите на кои ќе се одржуваат настаните се Народниот театар и ракометното игралиште.
Целосната програма е достапна на следниот линк.
_____
Преземено од пријателите Радио МОФ