2,960.00ден
1 на залиха
Колекција
Effortless cool е инспирирана од природните форми и природните, неприсилени текови кои во себе оддаваат спонтаност и уникатна лежерност. Целокупната колекцијата доловува нежни, кежуал, но сепак елегантни дизајни во природни, земјени тонови. Сите дизајни се направени од сертифициран органски памук во едноставни кроеви со модерни детали на разиграност во неон боја. Производството на е без загадување на оклината и со етички пристап на луѓето. Совршена рефликсија на одржлив луксуз, чистота, уникатност и циркуларност.
Дизајнер
Ана Јаким како основач и моден дизајнер на Tessuti Art се залага за одржливи и транспарентни модни практики. Во 2016 година е наградена од страна на British Council и ја презентира својата идеја за креативен бизнис лично на Принцот Чарлс. Покрај своето интернационално и разнолико искуство во модната индустрија, преку својот бренд се стреми кон дизајн кој многу одмерено и софистицирано ги доловува нејзините лични вредности, стил, естетика и видувања кон светот. Ана, исто така, е лидер на Модна револуција С. Македонија.
Одржливост
OCCGuarantee® материјалите се направени од 100% органски памук во природни бои, без пестициди, хемикалии и обелувачи. Според последниот експеримент на нашиот производител, материјалите се разградуваат оставени во почва за период од една година и два месеци.
Бренд | Tessuti Art |
---|---|
Состав на материјали | 100% органски памук и 96% органски памук + 4% еластан |
Боја | Крем |
Број | S |
Одржување | Перење со ладна вода или на максимум 30 степени |