• Немате производи во кошничката.
TOP

ТВОРЕЧКА ЖЕД: СТЕФАН МЛАДЕНОВСКИ



ЈАСЕН ИЗРАЗ



Стефан Младеновски е апсолвент на графичкиот оддел при ФЛУ во Скопје.

Неговите цртежи се стремат кон примитивното. Користејќи јасен ликовен јазик, тој комуницира апстрактно, но сепак едноставно. Без никакво комплицирање, тој пренесува чувство, чисто и гласно. Како гледачи ние треба самите да влеземе во пределите на неговите цртежи, и таму да најдеме некакво значење, или само да почувствуваме. Со својот искрен и спонтан израз, тој ни дозволува да се препознаеме себеси и своето постоење. А тоа препознавање е често нејасно, неописливо чувство, кое сите можеме да го искусиме.


 


_________________________________
ТВ РЕДАКЦИЈА

РЕЖИЈА Диме Данов
КАМЕРА Виктор Стојков
МОНТАЖА Виктор Стојков Диме Данов
МУЗИКА Стефан Прекодолов



 

Mултидисциплинарен уметник. Некои од вас ќе го препознаете од поетски збиднувања, други од фотографски кругови... А ние го запознавме како студент на Академијата за визуелни уметности во Џолев и уметностите. Одличен познавач на филмската уметност, светската литература, љубопитен истражувач, трпелив сонувач.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ