НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА ИЗЛОЖБА: ДОБРО УТРО КРЕАТИВЦИ 3.0
ДОБРО УТРО НА СИТЕ! САЕМОТ ЗА РАЗМЕНА НА КРЕАТИВНИ ИСКУСТВА И РАЗМИСЛИ „ДОБРО УТРО КРЕАТИВЦИ“, ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА „СКАЛА МАГАЗИН“, ГОДИНАВА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ПО ТРЕТПАТ, НА 26 МАЈ ВО „ПАБЛИК РУМ“.
Целта на овој настан е на едно место да се соберат и претстават актуелните случувања во креативните индустрии, уметноста, дизајнот, културата и образованието. Оваа година програмата ќе вклучува панел дискусии, галериска изложба и музички перформанси. Фокусот на настанот ќе биде кон образованието и новите технологии.
По тој повод, ги повикуваме сите визуелни артисти да се пријават на отворениот конкурс за учество!
Тема на конкурсот: Мојот идентитет, утрото по 2023 година.
[пријавата е подолу во текстот]
Повеќе кон темата: „Отворениот конкурс за дизајн и визуелни уметности на тема "Мојот идентитет, утрото по 2023 година" има за цел да ги поттикне учесниците да истражат и размислат за тоа како АИ технологиите ќе влијаат врз нашиот личен развој и идентитет во иднината. Предизвикот пред кои сме изложени е дали во оваа транзиција технологиите ќе нѐ надополнат или заменат. Конкурсот е можност за креативците да го изразат својот поглед и да го претстават визуелно својот став. Веруваме дека овој конкурс ќе направи простор за дискусија и рефлексија за тоа како да го искористиме напредокот на АИ технологиите за да го зголемиме нашиот личен развој и да го зачуваме нашиот идентитет во светот на иднината“. - Дејан Џолев (главен уредник на Скала магазин).
Уметничките дела може да бидат во било кој визуелен медиум: видео арт, сликарство, фотографија, илустрација, постер, графика, колаж, скулптура, комбинирани техники… Секој автор/ка може да пријави макс. 3 дела, најдоцна до 20 мај.
Скала магазин има обврска да ги отпечати и врами делата, да ги изложи во галериски простор, да испечати каталог за изложбата, и да организира пригоден коктел за отворањето.
НАГРАДИ: По повод 11-тиот роденден на Школата за дизајн и уметност – SKALA School [повеќе тука], на изложбата ќе бидат прогласени 3 најдобри дела:
I MEСТО // Стипендија во вредност од 100.000 ден. која ќе може да се искористи на една од Академиите за дизајн при учебната 2023/24 год. + Скала магазин [прв и втор печатен број].
II MEСТО // Стипендија во вредност од 60.000 ден. која ќе може да се искористи на една од Академиите за дизајн при учебната 2023/24 год. + Скала магазин [прв и втор печатен број].
III MEСТО // Стипендија во вредност од 30.000 ден. која ќе може да се искористи на една од Академиите за дизајн при учебната 2023/24 год. + Скала магазин [прв и втор печатен број].
OТВОРЕН ПОВИК
ДОБРО УТРО КРЕАТИВЦИ // 3.0
★ P.S. Затоа што вашата уметност припаѓа во галерија, а не на инстаграм!
★ Ние сме SKALA School 11 Години // Академии за дизајн [прочитај повеќе]
★