• Немате производи во кошничката.

ЕДНА ГОДИНА – СКАЛА МАГАЗИН

Драга Скала, 

Среќен ти први роденден. Ти посакувам будно и неуморно и понатаму да ја следиш локалната сцена и настани, да ги поддржуваш и промовираш младите автори и студенти, критички и храбро да зборуваш за образованието, да ги поврзуваш артистите со индустријата, затоа што беше и си гласот на новата сцена!

Остани кул, остани секси! 

Среќно!
Твојот најверен читател - времето.




Добро утро креативци! 

Денес [1 јуни, 12:00ч.], „Скала магазин“ наполни една година од првиот објавен напис.

Нека расте потребата за нашето постоење! 
Драги артисти – да се множат причините за вашето творештво!
Драга публико – културата е вашата духовна храна, ќе се обидеме внимателно да го сервираме месечното мени. 

Во период помеѓу 1 јуни и 31 декември [2020] објавивме:
# 20 дигитални броја;
+ 300 авторски написи;
+ 140.000 различни читатели;
+ 750.000 прегледи. 

Потоа направивме дигитална пауза и целиот тим се посвети на тактилна работа и првото печатено издание:
136 страни, гооолем формат;
+ 3 типа супер квалитетна хартија и печат;
пример за дизајн и фотографија;
содржина којашто ќе се препрочитува постојано, засекогаш.





Денес официјално започнува со ангажман новата генерација Скалаџии!

ГЛАВНА РЕДАКЦИЈА:
Главен и одговорен уредник: Дејан Џолев;
Уредник на пишувачки оддел: Елена Божиновска;
Уредник на дизајн: Андреј Павлов;
Уредник на фотографија: Антонио Станков;
Уредник на ТВ редакција: Аника Чорбеска;
Веб девелопер: Георгиј Голабоски;
Лектор: Николче Јакимовски;
Правни работи: Кристина Крагујевска;
Финансии: Оливера Матакова;

КРЕАТИВЕН ТИМ:
Дизајнери: Деница Стојкоска, Ива Јованова, Стефан Танков;
Фотографи: Мартина Пенева, Марко Вилиќ, Христијан Богоески;

ТВ РЕДАКЦИЈА:
Камера оператор: Емилија Апостолска;
Тонец: Марко Цветковски;
Монтажер: Слободан Прочков;
Сет асистент: Ана Иљоска;
Сет асистент: Ева Николов;

ПИШУВАЧИ:
Александра Милошеска, Бинаса Дрндар, Анастасија Милевска;

КОЛУМНИСТИ:
Суад Беговски – Сухи, Кристина Крагујевска, Крсто Златков, Драги Неделчевски, Теа Беговска, Никола Ефтимов.


СКАЛА МАГАЗИН – Глaс на новата сцена!


 

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ