• Немате производи во кошничката.

Импресии // Првата „Скала“ изложба


Во време на дигитализација и алиенација, на секој аспект од нашите животи, па дури и социјалниот и уметничкиот, ние Скалаџии, се обидуваме да се вратиме на основните човекови потреби, социјализација и размена на искуства и размисли во физички простор, онаму каде што природно припаѓаме, во галерија.

   
„Само пред десетина години, беше привилегија на секој автор да го истакне своето дело во јавен галериски простор. Денес социјалните медиуми ни овозможија инстантно да ја презентираме својата уметност, но истовремено оваа можност не оддалечи од публиката, социјалните медиуми всушност се асоцијални агори, и не само тоа, уметничкото дело, кога зборуваме за традиционалните визуелни медиуми се артефакти во физичка форма, и како такви, тие мора да бидат претставени во физички простор, а не виртуелен. На пример, фотографијата можеме да ја отпечатиме (и врамиме) метар на метар, тоа задоволство мониторот на нашиот паметен телефон неможе да ни го овозможи.“ - Додаде Дејан Џолев, главен уредник на Скала магазин.



На 16 октомври, со почеток од 20 часот, се одржа првата изложба во организација на „Скала магазин“. Белите ѕидовите на културниот центар „Јадро“ ги обоија визуелни размисли во повеќе изразни медиуми: сликарство, фотографија, графика, дигитална илустрација, скулптура, на 13 млади автори, меѓу кои: Ана Андонова, Ана Трајковска, Андреј Игњатовски, Андреј Павлов, Благица Здравковска, Давор Кешќец, Дамјан Ристевски, Дарко Трајковски, Дејвид Стоилковски, Елена Банчотовска, Калина Трајановска, Марко Вилиќ и Марија Пејоска.


10 минути пред почетокот, првите посетители почнаа да го исполнуваат просторот и да ги разгледуваат делата на уметниците кои зедоа учество на отворениот повик на магазинот за творење на темата: „Патерн: размисли за стереотипи“. 


 Новиот конкурс е во тек, секој автор, со став и идеја за визуелна расправа, може да се приклучи на следниот линк.  


Делата поминаа низ преплив од очи и естетички доживувања, излегувајќи од патернот на дигитализирање, дури и во вакви времиња и доживеани на вистинскиот начин на којшто уметност се доживува: во вистинска галерија, на вистинска изложба. 


P.S. Затоа што вашата уметност припаѓа во галерија, а не на инстаграм!

Овој проект е поддржан од Democracy Lab. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на авторите, и не ги одразуваат оние на Демокраси Лаб. 


__
ФОТОГРАФИИ: Христијан Богоески и Ана Иљоска


Ана во Скала е мултидисциплинарен автор. Пишува, интервјурира, фотографира, снима… Во тимот како средношколка од ЈБТ, и студентка на Академијата за визуелни уметности. Таа за себе вели дека сака математика, биологија, поезија, визуелни уметности, архитектура, психологија… Е сега може да замислите каков проблем има при избор на факултет! :)

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ