• Немате производи во кошничката.
скала магазин промоција печатен број печатено издание

ИМПРЕСИИ // Промоција: Втор печатен број „Скала магазин“


И тоа бидна!

Не планиравме ништо конкретно. Се случија многу нешта. Се случи сѐ. Се случи промоцијата на второто печатено издание на „Скала магазин“. Со почеток во 19 часот, во кафулето „Котур“, се собравме на купче да го прославиме ова наше и ваше дело.. 


Убавина! Сетилно доживување, нежно на допир и првото „добредојде“ од насловната на тема - раѓање на слободата. А ние бевме слободни вечерта, пред катарза - затоа што конечно го видовме списанието како се шета во рацете на љубопитни читатели, креативци, дизајнери, уметници од сите сфери, возрасти и табиети.

Во време на дигитална консумација на информации и инстант-доживувања, да се листа „Скала магазинот“ е мал ритуал! Светот на моменталната генерација комуницира преку интернет-алатките. Ќе речеш „на интернет имам сѐ“. Но, дали и покрај тоа сѐ, ти знаеш што ти треба? Токму затоа, со „Скала магазин“ се обидуваме да го одржиме оној стандард на добро, вредно да се има, во кое читателот ќе може да отвори страница во себе, да се здобие со сознание за тековните креативни решенија на уметноста и животот воопшто.

Во прилог на оваа наша идеја, магазинот ќе биде достапен во продажба 90 дена, а потоа сите останати примероци ќе бидат бесплатно доделени на средношколци ширум средните училишта во Македонија. Затоа што, тоа е смислата -да допреме до идната креативна/читателска публика.

Знаете како: постојат илјадници портали, онлајн-страници, пдф-и на светот, но ништо не може да го замени допирот и интимното листање хартија. Убедена сум дека е така.

Скала ќе рашири хартиени крилја! 




ПРОДАВНИЦА: СКАЛА МАГАЗИН бр.2
КУПИ ПО ПРОМОТИВНА ЦЕНА

КОН ПРОДАВНИЦА



Прочитај повеќе за техничките спецификации и содржината на магазинот.

Допир на слободата – второ печатено издание на „Скала магазин“




Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ