Разговор со Теа Беговска: ЗА НАС!
1.81k
ЏОЛЕВ: Многу често се прашувам „зошто толку труд?” И кога ќе сретнам уште еден Сизиф, неизбежно е да се утешам, прашувајќи го за истото.
Зошто го правиш ова Теа?
БЕГОВСКА: Теа што ти требаше ова, абе што се глупираш, што се мачиш, што ти е? Ајде нека ти заврши веќе ова, малку да здивнеш, да се одмориш. За кој бе, абе за што? Абе остај таму.. Е, кој ќе го гледа тој фестивал, па уште и онлајн? Абе кај нас нема уметност, тука никој не знае да цени. Остај тоа. Собирај парталите и оди некаде. Ова е отприлика нашиот менталитет, нашите размисли и коментари. Па, замисли ти колку погрешно сме растеле и сме се образувале (зборувам генерално) и колку пати сме биле разочарани и демотивирани за да овие коментари станат дел од нашето постоење. Колку е тоа тажно? Колку е тоа инспиративно, всушност? Жал ми е, ама ние тотално сме го изгубиле чувството на мотивирање, на волја во местото каде што живееме и каде што сме растеле, сме пораснале. Ти да дојдеш до степен генералниот став на човекот да му биде: „Не вреди"! Тогаш, ајде да се вратиме назад и да почнеме од почеток. Некаде сме згрешиле. Ние не правиме нешто ново и неизмислено. Кај нас има фестивали коишто имаат сериозна традиција со години, па и децении. Има и нови фестивали, има многу други нови и убави работи коишто цело време се случуваат. Ете, токму поради таа инспирација, сите ние правиме. А што друго би правеле?
Зa кого Теа?
БЕГОВСКА: За нас За вас За оние кои се тука За оние кои ќе дојдат после нас За оние кои нѐ сакаат За оние на кои не сме и баш симпатични За оние со кои се поздравуваме и не се поздравуваме За мајките За татковците За браќата и сестрите За братучедите и братучедките Тетките, стрините...бабите...дедовците... За комшиите Тука е долг списокот... За мажите За жените За оние кои не се определени За определените За неопределените во минато и во сегашно време, свршено и несвршено Идното време е за оние кои ќе треба да се определат Овие од идното време се најважаните За нив е ова пат којшто ќе треба да го научат и да го поминат Да продолжат после нас Да креираат Да прават уште поголеми нешта За тие кои се дават во сопствените случувања. Нека овие случувања ги однесат до површина со излез. За мене За тебе за вас За оние кои плачат кога им е најтешко За оние кои се смејат кога им е најубаво Ние сакаме и да ве расплачеме и да ве насмееме. За сите мигови За сите мои и твои животни продирања коишто се случиле и треба да се случат!
☉