УШТЕ СВЕТЛИНА // ЧЕТВРТИ ФЕСТИВАЛСКИ ДЕН
1.54k
Вчеравечер имавме можност да погледнеме еден од најважните настани на фестивалот Театарски европски алтернативи „STURM UND DRANG“ – УНИВЕРЗИТЕТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА.
На оваа конференција учествуваа 6 Универзитети за уметност, меѓу кои: Национална академија за театарска и филмска уметност НАТФИЗ (Софија, Бугарија), Факултет за драмски уметности (Цетиње, Црна Гора), Оддел за уметност (Краиова, Романија), Академија за уметности (Белград, Србија), Академија за изведбени уметности (Братислава, Словачка), Академија за театар, филм радио и телевизија (Љубљана, Словенија).
Професори учесници: Александра Маџуков, Драгана Варагиќ, Бранко Илич, Бранко Јордан, Алина Мангра, Дијана Павлачкова и Елиф Искендер. Модератор: Бинаса Дрндар
Секоја година, универзитетите за актерска игра во Европа се состануваат на настанот наречен „Универзитетска конференција“. Оваа конференција ја претставува дејноста на универзитетите, како и можностите за младите да учат на понудените програми.
Во студентската програма, ја погледнавме претставата „Брачна игра”, во продукција на Академијата за уметности, Белград, во изведба на актерите Андријана Мечава и Танасије Цакиќ.
„Брачна игра” е мозаик со отворен концепт, па така костимографот, сценографот и реквизитите се дел од сцената заедно со актерите. Поставена е во контекст на снимање на фиктивно ТВ-шоу, коешто се вика „Брачна игра“, во коешто млад брачен пар, Џил (ја игра Андријана Мечава) и Џек (го игра Танасија Цакиќ) се соочуваат со можните исходи од нивниот брак. Во случајот на Џил и Џек, секое идно сценарио за нивниот брак ескалира со разделба.
Академијата за уметности, Белград има дводецениски долга репутација како акредитирана високообразовна институција, којашто професионално ги подготвува своите студенти во областа на светската драма и аудиовизуелните уметности. Имајќи ја предвид брзината со којашто се развива науката и технологијата, сугестиите на студентите, нивното лично знаење и искуство акумулирано, следејќи ги насоките на европското високо образование, Академијата има акредитирано иновативни студиски програми за додипломски и магистерски студии.
Денес (21.09)
Во 16:00 ч., ќе ја погледнеме промоцијата на МЛАДИ АВТОРИ Скопските шепоти, крици и драматизирања, во продукција на Македонски центар ИТИ. Автори: Миа Ефремова, Миа Николоска, Никола Кузелов, Синан Ракиповски и Нина Плавањац. Модератор: Бесфорт Идризи
Во интернационалната програма, ќе ја погледнеме претставата “Искршено на делови” од Франција, во продукција на театарот Ла Бел Мениер со почеток од 19:30 ч.

Билети за претставата >>
Во студентската програма ќе ја погледнеме претставата “Другата страна на ветрот” во продукција на Факултет за драмски уметности Цетиње, со почеток од 21:00ч.

Линк до претставата >>
