• Немате производи во кошничката.

Импресии // Втора „Скала“ изложба


Во време на дигитализација и алиенација, на секој аспект од нашите животи, па дури и социјалниот и уметничкиот, ние Скалаџии, се обидуваме да се вратиме на основните човекови потреби, социјализација и размена на искуства и размисли во физички простор, онаму каде што природно припаѓаме, во галерија.

   
„Само пред десетина години, беше привилегија на секој автор да го истакне своето дело во јавен галериски простор. Денес социјалните медиуми ни овозможија инстантно да ја презентираме својата уметност, но истовремено оваа можност не оддалечи од публиката, социјалните медиуми всушност се асоцијални агори, и не само тоа, уметничкото дело, кога зборуваме за традиционалните визуелни медиуми се артефакти во физичка форма, и како такви, тие мора да бидат претставени во физички простор, а не виртуелен. На пример, фотографијата можеме да ја отпечатиме (и врамиме) метар на метар, тоа задоволство мониторот на нашиот паметен телефон неможе да ни го овозможи.“ - Додаде Дејан Џолев, главен уредник на Скала магазин.



На 27 ноември, со почеток од 20 часот, се одржа втората изложба во организација на „Скала магазин“. Белите ѕидовите во просториите на „Скала магазин“ во рамки на објектот „Паблик рум“ ги обоија визуелни размисли во повеќе изразни медиуми: сликарство, фотографија, графика, дигитална илустрација, на 19 млади автори, меѓу кои: Ана В’чкова, Ана Тодоровска, Гаја Смилевска, Ѓорѓина Спасевска, Дејвид Стоилковски, Димитар Додовски, Евдокија Стаменковска, Ертунч Сали, Илчо Илиевски, Јана Матевска, Љиљана Прентовиќ, Методија Јованов, Тамара Блажевска, Андреј Павлов, Антонио Станков, Кристина Крагујевска, Марија Пејоска, Марко Вилиќ и Мартина Пенева,


Гужва од прекрасни луѓе, жедни за дружба и уметност... За атмосферата да биде „таман“ се погрижи Мартина Пенева со live DJ-сет!


Новиот конкурс е во тек, секој автор, со став и идеја за визуелна расправа, може да се приклучи на следниот линк.


Добро утро креативци! 


P.S. Затоа што вашата уметност припаѓа во галерија, а не на инстаграм!

Овој проект е поддржан од Democracy Lab. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на авторите, и не ги одразуваат оние на Демокраси Лаб. 



Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ