• Немате производи во кошничката.
скала џолев и уметностите ентериер дизајн

НА СКАЛИЧКИ СО ЕЛЕОНОРА МИТРЕСКА


Еднаш месечно „на скалички“ го разгледуваме последниот проект во портфолиото на локален млад артист или студент по дизајн и уметност.

Овој месец се дружиме со пет студенти и нивните семестрални проекти од предметот „прототип дизајн студио“ при Академијата за ентериер и продукт дизајн, под менторство на Катерина Трпковска и Деспина Здравкова.


Денес, седнавме на „скалички“ со Елеонора да продискутираме за нејзиниот последен проект „Harp Table“.


Елеонора одбира да ги „храни“ нејзиниот перфекционистички дух и природа, со набљудување на секојдневието и искуствата и истите да ги раскаже низ призмата на дизајнот. Својата пасија ја прави реалност како студент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер при УКИМ, а оваа приказна ја надоградува и преку Академијата за ентериер и продукт-дизајн при „Џолев и уметностите“.

Нејзиниот последен проект и приказната околу него е само еден мал визуел за страста којашто таа ја има за дизајнот, па накратко ни раскажа за целото патешествие и реализација на масичката којашто потсетува на еден од најкомплексните музички инструменти.


За делото…


Самата инспирација којашто доаѓа од музичкиот инструмент харфа асоцира на смиреност, несекојдневност… „Harp table” е креирана за луѓе кои уживаат во тишината, во разговорот со себе или во чаша добро вино. Конструкцијата составена од геометриски форми и прави контури со криви завршетоци, како и комбинацијата на материјали метал/дрво, прават одличен баланс во изгледот на ова парче мебел. Совршено се вклопува во просторот, давајќи посебна нота во „мелодијата”, таканаречена ентериер.


За процесот...


Првиот чекор, би рекла најкреативниот и мојот омилен дел од развојниот процес, е скицирањето. Изработката на техничкото решение е фазата на којашто посветив повеќе внимание, додека пак, визуелните ефекти ги постигнав со користење на софтвери за 3D-моделирање и рендерирање. Изборот на материјали падна на челик и фурниран медијапан, којшто дава исти естетски својства како и масивното дрво, сѐ со цел да се запази еден од поважните елементи во создавањето на еден продукт, а тоа е економичност. Целата реализација се одвиваше во студио Rinocca, под менторство на Катерина и Деспина.


За Академијата…


Академијата „Џолев и уметностите“за мене е неминовна станица од моето патување во креативниот свет. Неформалното образование е повеќе од потребно, каде што акцентот е ставен на најбитните работи и секој од професорите игра важна улога во нашиот процес на развивање како идни дизајнери, докажувајќи го тоа со нивната несебична посветеност.


За иднината…


Да бидам искрена, по долгата пауза којашто ја направив од студирањето, ми треба малку време да размислам во кој правец ќе се движам, но среќна сум што кутијата полна со идеи којашто ја оставив да чека, е време да ја види својата светлина.






Технички цртеж





Финален рендер 1



Финален рендер 1




Конечен продукт [фотографии]










_____
Фотографија [насловна]: Антонио Станков


Главен и одговорен уредник на Скала магазин. Филмски режисер и визуелен уметник со јавно самостојно, групно и фестивалско претставување на филмски, театарски, фотографски, дизајнерски и пишани дела. Наградуван и пофалуван дома и во странство. Последно јавно претставување, самостојна фотографска изложба “Тркалезни форми” во Галерија Прима Центар во Берлин, Германија. Основач и ко-сопственик на Џолев и уметностите.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ