ЕДНАШ МЕСЕЧНО ВО САНДАЧЕ НИ ПРИСТИГA „ПИСМО ОД ДИЈАСПОРАТА“. ЦЕЛТА НА ОВАА РУБРИКА Е ДА СЕ ЗАПОЗНАЕМЕ СО МЛАДИТЕ АВТОРИ И СТУДЕНТИ ПО ДИЗАЈН И УМЕТНОСТ КОИ РАБОТАТ ОДНОСНО СТУДИРААТ НАДВОР ОД ДОМАШНAТА АДРЕСА.
ЕМА ВЕЉАНОСКА // ФОТОГРАФ И ВИЗУЕЛЕН УМЕТНИК // МАСТЕР СТУДЕНТ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА УМЕТНОСТ, АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН – СМЕР: ФОТОГРАФИЈА // ПРАГА, ЧЕШКА РЕПУБЛИКА
Драга Скала,
Ви пишувам од Прага, мистичен град полн со историја и прекрасна архитектура, меѓу коишто најпознати правци се арт- нуво и кубизам. Прага е позната по разновидноста на културата, уметноста и архитектурата, во коишто може секој да се пронајде. Покрај класичните уметнички правци коишто го прават овој град уникатен, концептуалната уметничка сцена е доста распространета, Поради оваа причина, секогаш има многу опции за активности за луѓе од сите возрасти. Единствено нешто што пречи е тоа што времето е константно променливо, така што моите активности варираат.
Обично ги поминувам своите денови на факултет наутро, но бидејќи мојот факултет се наоѓа во центарот на Прага, односно точно до Карловиот мост (I know, right!), по секој состанок јас и моите колеги продолжуваме на прошетка некаде низ градот.Како визуелен уметник, шетањето низ Прага ми дава можност да се потопувам во убавината на архитектурата и уметностa, имам доволно среќа што овој град е толку визуелно убав и енергијата е спектакуларна, така што секој ден е поминат со некаква интересна активност којашто ме инспирира.


Пролетта во Прага е многу специфичен период, времето е константно променливо, температурите се менуваат одеднаш, но сакам да верувам дека тоа е само уште една прилика да уживам повеќе кога времето е сончево.Овој викенд, одлучив прво да се наспијам по долга недела исполнета со работа на факултет, потоа се упатив кон некои од моите омилени места во градот.
Керамика е една од работите коишто ме фасцинираат, во моментот, моето време и креативната енергија се опфатени од фотографијата, подготувувам затоа што ја спремам мојата дипломска изложба, но една од моите желби за активности во Прага е да ги посетам работилниците за керамика на мојот факултет и да направам интересни парчиња од керамика за складирање на накит или некое интересно парче за декорација. Во меѓувреме обожавам да посетувам уметнички платформи и продавници коишто се занимаваат со керамика и рачно изработени орнаменти.
Artisème е креативна дизајнерска платформа којашто го курира најдоброто од занаетчиските домашни прибори направени за секојдневна употреба. Основачите на ова дизајнерско катче се посветени на поддршката на работата на страсните уметници и дизајнери. Оваа продавница исто така има друго посебно значење за мене затоа што се наоѓа директно зад ѕидот на Џон Ленон. Не само што оваа локација е пријатна поради локацијата и природата, туку внатре во продавницата има се од маици со дизајн посветени на Џон Ленон, чаши со истиот дизајн, рачно изработена керамика, стаклени материјали, до свеќи и миризливи стапчиња. Најомилениот дел од оваа продавница, покрај керамиката и орнаментите ми се цвеќињата коишто седат покрај прозорите, понекогаш ставени во интересни саксии (it’s the little things).




Наплавка
Rašínovo nábřeží е моментално најатрактивната и жива област на бреговите на реката во централниот дел на Прага. Оваа локација нуди голем број активности во текот на годината, од редовни фармерски пазари до спортски, културни и гастрономски настани. Оваа локација е идеална за попладнечко кафе покрај реката, кога е топло може да се седне било каде надвор по калдрмата, а за среќа има голем број на локали и изложбени простории каде што може да се земе пијалок и да се разгледа што има ново во концептуалната уметничка сцена, бидејќи секогаш има некакви инсталации. А(void) кафулето на Наплавка ми е омилениот локал во овој дел од Прага, архитектурата на локалот е кохезивна со локацијата, секое кафуле или секоја просторија е изграден како дел од малите тунели на Наплавка, така што влезот во секој локал е голема, тркалезна, стаклена врата. Покрај тоа што е архитектонски прекрасно, зајдисонце на Наплавка е секогаш добро искуство затоа што уличните светла се приклучуваат и создаваат една амбиентална светлина којашто наликува на слика од Ван Гог.



Ја завршив ноќта со прошетка по калдрмите на стариот дел од градот и потоа отидов на пиво со колегите во еден од моите омилени барови, Кафе Либерал. Во недела најчесто го поминувам денот во некој кафич каде што читам книга или работам на лаптоп, а потоа со мојот апарат се упатувам кон најблиската Ботаничка Градина, во овој случај тоа беше Ботаничка градина на Природно-математичкиот факултет во Прага. Оваа градина била отворена во 1898 година и овде постепено биле изградени оранжерии, езера и голема алпска градина. Денес, овие делови, заедно со другите експонати на отворено, формираат пријатно зелено катче во центарот на Прага, вдишувајќи ја атмосферата на старите времиња. Покрај историскиот и локацискиот аспект, визуелниот квалитет на оаа добро сочувана градина нуди големи опции за флорални фотосесии и прошетки.






Времето е сеуште нестабилно тука, но се надевам дека набргу ќе биде сончево и топло секој ден, тогаш ќе може да се зачестат посетите на ботаничките градини, а и секако пикник во некои од парковите (специфично Ригрови Сади каде што по мое има најдобар поглед од градот).
Следете ме на инстаграм за повеќе содржина, вклучувајќи пејсажи, керамика и по некое естетско кафе. Се надевам дека со ова писмо успеав да насликам како изгледа еден типичен викенд во мојот живот во Прага. Се надевам дека ви се допадна!
До следна средба,
Поздрав од Прага!
Ема