СТУДЕНТИТЕ ОД АКАДЕМИЈАТА ЗА МОДЕН ДИЗАЈН ИЗРАБОТИЈА ФОТО-ЕДИТОРИЈАЛ
Изминува уште една успешна и продуктивна година за студентите од Академијата за моден дизајн при Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“.
Во тој дух од активните 15 студенти и изработени фото-едиторијали на своите модни колекции, издвојуваме 6 кои би сакале да ви ги претставиме, и тоа: Елена Симјаноска, Климентина Дукоска, Верица Наковска, Андријана Павловски, Марко Пешов и Теодора Клинчарова Стојевска.
Низ нивните приказни и креативни решенија ги водеше менторскиот тим составен од врвни експерти во своите области, како: Никола Булевски – Буле, Никола Ефтимов, Ирина Тошева, Александра Јовановска, Небојша Вилиќ, Дејан Џолев, Кристина Крагујевска, Владимир Јанчевски, Крсто Златков и Благојче Наумоски.
Да погледнеме…
____________________
Дом
Теодора Клинчарова Стојевска
Оваа колекција со име „Дом“ беше инспирирана од нашата земја како дом, во која беа вклучени етно елементи на модерни, новосоздадени парчиња. Посветена е на младите девојки и жени на возраст од 20 години и неограничена возрасна граница, жени кои сите ние ги познаваме, нашите мајки, пријателки, колешки, буквално сите жени кои сакаат да имаат активен живот, без оглед на својата професија, без оглед на тоа дали одлучиле да се остварат како мајки и основаат семејство, жени кои сакаат да се модерни, но во едноставни и практични модели со кои би можеле полесно да ги остваруваат своите секојдневни обврски.
ДИЗАЈН: Теодора Клинчарова Стојевска
КОЛЕКЦИЈА: Дом
МОДЕЛ: Марија Јовчевска
АГЕНЦИЈА: Модел Ин
ФОТОГРАФИЈА: Марко Вилиќ
АСИСТЕНТ: Антонио Станков
ШМИНКА: Александра Тодоровска
МЕНТОР / МОДНА КОЛЕКЦИЈА: Никола Ефтимов
МЕНТОР / КОНСТРУКЦИЈА НА ОБЛЕКА: Никола Булески – Буле
МЕНТОР / ФОТОГРАФИЈА: Дејан Џолев
____________________
БАРОК
Климентина Дукоска
Инспирацијата за мојата колекција беше од периодот на барокот и машката мода која се носела во времето кога цутела оваа уметност. Дополнителна инспирација се и деталите во барокната архитектура. Целната група се бизнис жени претприемачи.
ДИЗАЈН: Климентина Дукоска
КОЛЕКЦИЈА: БАРОК
ФОТОГРАФИЈА: Антонио Станков
ШМИНКА: Александра Тодоровска
МЕНТОР / МОДНА КОЛЕКЦИЈА: Никола Ефтимов
МЕНТОР / КОНСТРУКЦИЈА НА ОБЛЕКА: Никола Булески – Буле
МЕНТОР / ФОТОГРАФИЈА: Дејан Џолев
____________________
Мојот дом
Верица Наковска
Кога ни беше зададена темата за креирање на оваа колекција, прво нешто што ме инспирираше за тоа како јас си го замислувам ,,Мојот дом” , беше дом лоциран на грчките острови Миконос и Санторини, модерен простор со минималистички ентериер и поглед кон море. Второто нешто што ми падна на памет беше она што мене лично ми асоцира на домот, а тоа е -одмор, опуштање, ослободување на телото од облеката, како симбол на отфрлање на сите надворешни стеги и ограничувања. Од овие две инспирации креирав колекција со слободни, асиметрични кроеви и минималистички изглед. Целна група на мојата колекцијa се млади дами и зрели госпоѓи од сите возрасти, личности со весел дух и слободни умови, кои немаат комплекси во однос на своето тело и храбро ги прифаќаат промените во модните трендови на новото време.
ДИЗАЈН: Верица Наковска
КОЛЕКЦИЈА: Мојот дом
МОДЕЛ: Кони
АГЕНЦИЈА: Подиум
ФОТОГРАФИЈА: Марко Вилиќ
ШМИНКА: Александра Тодоровска
МЕНТОР / МОДНА КОЛЕКЦИЈА: Никола Ефтимов
МЕНТОР / КОНСТРУКЦИЈА НА ОБЛЕКА: Никола Булески – Буле
МЕНТОР / ФОТОГРАФИЈА: Дејан Џолев
____________________
Каро
Андријана Павловски
Инспирацијата за изработка на оваа колекција ја „зедов“ од раскрсницата, односно трагите од светлина што ги оставаат возилата при ноќно возење на раскрсница. Одлучив колекцијата да биде изработена од природни материјали коишто се удобни и пријатни, а истовремено почитувајќи ги етичките кодекси и осврнувајќи се на заштитата од експлоатација на животни и луѓе. Процесот на изработка е специфичен и дозволува целосно искористување на ткаенините, а со самото тоа го поттикнува рециклирањето на материјали и заштитата на животната средина. Облеката е намената за жени, мајки, кои што се деловни, урбани и современи. Жени кои го сакаат семејството, природата и здравиот начин на живот.
ДИЗАЈН: Андријана Павловски
КОЛЕКЦИЈА: Каро
МОДЕЛ: Марија Јовчевска
АГЕНЦИЈА: Модел Ин
ФОТОГРАФИЈА: Aнтонио Станков
ШМИНКА: Александра Тодоровска
МЕНТОР / МОДНА КОЛЕКЦИЈА: Никола Ефтимов
МЕНТОР / КОНСТРУКЦИЈА НА ОБЛЕКА: Никола Булески – Буле
МЕНТОР / ФОТОГРАФИЈА: Дејан Џолев
____________________
Comfort
Марко Пешов
Мојата колекција е инспирирана од хип-хоп и gaming културата. Земени се класични силуети од хип-хопот и се додадени интересни елементи и иконични детали од gaming културата.Comfort, зборот за мене значи моментот кога можеш да ги избегнеш секојдневниот ритам, проблеми и задачи за да се ослободиш и поради истиот факт колекцијата е автобиографска поради фактот дека овие две хобиа ми овозможија да го добијам тој момент на релаксација.
ДИЗАЈН: Марко Пешов
КОЛЕКЦИЈА: Comfort
МОДЕЛ: Just Daniels,Ема
АГЕНЦИЈА: Модел Ин
ФОТОГРАФИЈА: Андреј Павлов
ШМИНКА: Александра Тодоровска
МЕНТОР / МОДНА КОЛЕКЦИЈА: Никола Ефтимов
МЕНТОР / КОНСТРУКЦИЈА НА ОБЛЕКА: Никола Булески – Буле
МЕНТОР / ФОТОГРАФИЈА: Дејан Џолев
____________________
RENEF
Елена Симјаноска
Целната група или клиентот пред се беше поттикната од самата себе и мојата амбиција за промена и обнова на самата личност. Па од тука произлезе и името на колекцијата RENEF, што значи повторна обнова преку фениксот, како птица која самата по себе претставува духовно возобновување. Кулминацијата на промената опфаќа една длабочина, цврстина и форма на воскресение на новиот човек.
Како присутен материјал ја одбрав скај кожата, како цврстина која го обликува телото на таканаречениот „ембрион” којшто допрво треба да оформува, облекува и возобновува.
ДИЗАЈН: Елена Симјаноска
КОЛЕКЦИЈА: RENEF
МОДЕЛ: Горанчо Неделковски
ФОТОГРАФИЈА: Антонио Станков
МЕНТОР / МОДНА КОЛЕКЦИЈА: Никола Ефтимов
МЕНТОР / КОНСТРУКЦИЈА НА ОБЛЕКА: Никола Булески – Буле
МЕНТОР / ФОТОГРАФИЈА: Дејан Џолев
____________________
Дизајнери! Уписите за новата академска (2021/22) се во тек. Повелете на кафе во „Џолев и уметностите“, но за почеток погледнете повеќе информации на овој линк.