• Немате производи во кошничката.

ВО ПРОДАВНИЦА СО АЛЕКСАНДРА ЈОВАНОВСКА



____________

Скала шоп е отворена! За почеток, секој понеделник во СКАЛА ПРОДАВНИЦА на „полица“ ќе биде претставен нов млад автор/кa или студент/ка по дизајн и уметност. Со пар кликови секој може да порача оригинално уметничко дело и за помалку од три работни дена истото ќе биде доставено на домашна адреса.


АЛЕКСАНДРА ЈОВАНОВСКА // ЕРОТСКИ ГРАФИЧКИ ИЛУСТРАЦИИ


„Еротски графички илустрации“ се дел од истражувачкиот процес на магистерската дисертација “Актот и еротиката во сликарското творештво од XIX и раниот ХХ век – предизвик за создавање на современа модна илустрација” на авторката Александра Јовановска, под менторство на проф. Д-р Стојанка Манева Чупоска. Посебен акцент е ставен на претстава на машки и женски актови за време на хетеро и хомо сексуални активности. Илустрациите, од една страна се оценети како сурови, перверзни и неморални, а од друга страна како префинето еротични и храбри. За разлика од Бајрос, за чие дело “Приказни од спалната соба” бил уапсен и протеран од Германија, илустрациите на Јовановска беа само цензурирани од страна на национална галерија во ХХI век.

Aлександра Јовановска е моден дизајнер и илустратор. Таа е Доцент на насока моден дизајн, факултет за Дизајн и мултимедија, АУЕ-ФОН и ментор на предметот „Модна илустрација“ во Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“.


ПОДДРЖИ ГИ МЛАДИТЕ АВТОРИ!
КУПИ УМЕТНОСТ // ПОДАРИ УМЕТНОСТ

КОН ПРОДАВНИЦА

 

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ