АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТ: КУПРУМ // МИКС
>> РУБРИКА ВО КОЈА ГИ АРХИВИРАМЕ И РЕСТАВРИРАМЕ НАЈЗНАЧАЈНИТЕ ГРАФИТИ И АРТИСТИ ОД „КУПРУМ“. [текстот содржи метафори]
Aко сте редовен читател, веќе сте запознаени со археолошкиот локалитет „Купрум“. Напуштена фабрика насред Скопје, претворена во тајна галерија на графити. Таму, секој графит располага со свој колорит, свој концепт и своја специфична естетика. Денес ќе поразговараме со Микс, уметник, цртач на графити, кој има оставено голем број колоритни дела во „Купрум“.
АРТИСТ: МИКС
Како изгледаше твојата прва средба со „Купрум“?
Прв пат влегов во „Купрум“ кога се преселив во Хром. Се запознав со некои други луѓе што цртаат графити и прв пат заедно влеговме во фабриката. На почетокот не бевме сигурни како функционира, дали не работи и затоа одевме само навечер.
Кој ти е поинтересен начин на креирање на дела, дали сакаш смирена работа каде што по неколку часа црташ едно дело, или поинтересна ти е „брза“ акција?
-Поинтересен начин би кажал дека ми е брза акција поради енергијата што ти ја дава моментот и локацијата што ја црташ, ама почитувам и полабаво цртање на лабаво место бидејќи тогаш имаш повеќе простор за експериментирање.
Најнебезбедна ситуација во која си бил, дали си имал проблеми со полицијата?
Сум имал повеќе пати пролеми со полиција и верувам дека ќе продолжам да имам.
Дали би издвоил некоја специфична анегдота, нешто интересно што се случило додека си цртал?
Секој пат кога цртам има некоја интересна дешавка, бидејќи се црта на отворено и си сведок на секакви работи. Како на пример, девојче имаше избегано од дома и им помагавме на нејзините да ја најдат. Не заврши ништо како што треба, но го завршивме тоа што цртавме.
Имаш многу специфичен и лесно препознатлив стил кој се издвојува од другите. Како твојата уметност еволуираше за да стигнеш до него? Од каде ја црпиш инспирацијата?
Инспирација отсекогаш ми биле стрипови, стари книги и цртани, и секако, општата желба да бидам поразличен.
________
Погледни ги претходните написи: ГРАФИТИ АРТИСТ „ХРОМ“ // ГРАФИТИ АРТИСТИ „МАЧКА + ДРАШ“
СОДРЖИНА: Марио Манески [уредник на рубрика];
ФОТОГРАФИЈА: Антонио Станков [уредник на фотографија] // Долорес Соколова [асс. на фотографија и постпродукција на фотографија]
УРЕДНИК НА ПИШУВАЧКИ ОДДЕЛ: Бинаса Дрндар.