• Немате производи во кошничката.
„DECENNIUM“ – Финална дизајн изложба | SKALA - Џолев и уметностите

„DECENNIUM“ – Финална дизајн изложба

„Decennium“ [латински: ДЕЦЕНИЈА]. Затоа што десет години го полниме креативниот простор и го развиваме образованието.

Ви ја претставуваме финалната изложба на студентите од Академиите за графички дизајн, визуелни уметности, моден дизајн, ентериер и продукт дизајн при „Скала“ Школата за дизајн и уметност [поранешно „Џолев и уметностите“] во соработка со Институтот за дизајн и технологија – Скопје, генерација 2021/22.


Затоа што ние сме горди на нашите студенти!
Затоа што е важно дизајнот да биде јавно претставен.
Ве покануваме на најголемата студентска изложба на дизајн.
PUBLIC ROOM // 14 окт. // 19:00

Ова е навистина посебен ден за нас кој ни носи спомени и резултати од една прекрасна дванаесет месечна дружба со студентите и менторите, но и радост и возбуда за новите почетоци на генерацијата 2022/2023 чија настава ќе започне на 17 октомври. Уписите за новата академска година се во тек, интересот и довербата за нашите академии се големи, па засега преостанати се уште мал број на слободни места. Непосредно пред самата изложба ќе бидат доделени и дипломите, како и признанија и награди за најуспешните студенти од генерaцијата. Едноставно, спој на две генерации, голем број на посетители и многу креативна енергија на едно место!

☆ Уписите за новата учебна 2022/23 се во тек! Повеќе информации:
https://djolevandthearts.edu.mk [новата генерација започнува на 17.10.2022].

АКАДЕМИЈА ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

Ана Димовска, Ана Ѓорѓиевска, Андријана Антова, Ангела Илиевска, Бојана Стоилковска, Владанка Колева, Дејан Ичев, Душко Ичев, Ева Николоска, Елена Стојановска, Лука Стојановски, Марија Џингова, Михаела Јордева, Михаил Велески, Сара Секулоска ,Теона Димова, Филип Каркалашев.


АКАДЕМИЈА ЗА ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ

Ана В'чкова, Виктор Цветановски, Галена Миљовска Поповска, Гаја Смилевска, Давид Пројковски Евдокија Стаменковска Елена Трајкова, Игор Јовков, Лазар Аризанов, Мануела Златкова, Маријан Стојановски, Мартин Чичовски, Стефани Караџовска, Тијана Тесалоника Шишкоска, Филип Гаговски.


АКАДЕМИЈА ЗА ЕНТЕРИЕР И ПРОДУКТ ДИЗАЈН

Ева Свирева, Елеонора Митреска, Кристина Петровска, Марија Ифтимова, Мартина Пенева, Сара Илиевска, Тамара Илковска.


АКАДЕМИЈА ЗА МОДЕН ДИЗАЈН

Ангела Спасовска, Златка Николоска, Ива Ивановска, Јован Јосифовски, Кристина Маринчевска, Луна Аврамовска, Марија Трајковска, Милица Димитријевиќ, Михаела Панова, Сара Величковска, Сара Ѓорѓиевска, Стефанија Арсовска.


АКАДЕМИЈА ЗА UX/UI ДИЗАЈН 

Ангела Трајановска, Александра Цветковска, Бисера Гиновска, Виолета Ристеска, Дафина Андонова, Марија Степановска, Стојче Ристова, Теоман Максут.


МЕНТОРИ НА АКАДЕМИИ / АКАДЕМСКА 2021/22 год.:

Александар Ношпал, Aлександар Наумовски, Андреј Павлов, Антонио Станков, Апостол Тноковски, Благојче Наумовски, Влатко Ристов, Георгиј Голабоски, Гордана Вренцоска, Дарко Аницин, Дејан Џолев, Дејан Милосавлески, Деспина Здравкова, Доротеј Нешовски, Елена Ванѓеловска, Зоран Кардула, Игор Георгиоски, Ирина Тошева, Илија Паунков, Јелена Џокиќ, Катерина Трпковска, Кристина Крагујевска, Крсто Златков, Михаил Ангелов, Небојша Вилиќ, Никола Узуновски, Никола Булески, Петар Павлов, Петар Џон, Сандра Ѓоргиевска, Симона Тасевска.

Ве очекуваме на најголемата студентска изложба оваа година во петте хали на Паблик рум // 14. октомври • 19 часот.


☆ Изложбата е поддржана од Министерство за култура на Република Северна Македонија и Скала магазин.


Ве очекуваме!

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ