• Немате производи во кошничката.

ИМПРЕСИИ: ЗАВРШНА ИЗЛОЖБА НА ФЛУ СКОПЈЕ


Ви споделуваме фотографски импресии од камерата на Мартина Пенева, од завршна изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности во Скопје.



На изложбата беше претставена селекција од најдобрите дела изработени од студентите од сите Катедри изработени во текот на академската 2020/2021 година. Завршната изложба се одржи на две локации во склоп на Факултетот за ликовни уметности, и тоа, во ателјеата на Катедра по сликарство, вајарство и ликовна педагогија и традиционално во прекрасниот објектот Сули ан во Старата чаршија.





Честитки другари, драги колеги!





______
Фотографии: Мартина Пенева

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ