• Немате производи во кошничката.

МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ / ИМПРЕСИИ ДЕН 1



Фотографски импресии од фото-камерата на Филип Бојковски и тефтерот на Ева Поп Таневска. Ден први, на 22 Моден Викенд Скопје.

„Моден викенд – Скопје“ е платформа којашто е 11 години присутна на нашата сцена сè со цел да се издигне модната култура и сцена којашто ја имаме на што е можно повисоко ниво. Оваа година модниот викенд беше сосема поразличен од сите претходни години. 2020 година започна со моден викенд пролет/лето којшто беше прикажува онлајн, а есен/зима е шоурум. Ваква презентација и промоција на македонската модна платформа за прв пат се случува, интересно за гледање, комплицирано за организирање.




Модниот викенд се одржува во Public room од 1 до 3 октомври. Отворањето, односно првиот ден беше нешто ново за нашата сцена на самиот влез на Public Room, нормално, сè си течеше по протоколите поради ситуацијата и пандемијата, откако ќе се влезе се чувствува сосема поразлична енергија за разлика од минатите години на коишто модните дизајнери своите дизајни ги претставуваа преку ревија, овој пат, беше поинаку, шоурум со штандови, закачалки и иновации преку коишто секој дизајнер се преставува себеси од самиот влез па сè до крајот на 1 спрат на Public Room беа изложени дизајни кои што може слободно да се разгледаат, допрат, почувствуваат и купат. Во студиото на Џолев и Уметностите беа приложени дизајни од овогодинешните завршени студенти на моден дизајн. За текот на организирањето на овој моден викенд направиме кратко интервју со Света којашто ни кажа дека овој моден викенд бил со огромна одговорност поради целата ситуација и соочен со голем предизвик за организирање во краток временски период. Целта е да им се помогне на дизајнерите и околината со голема одговорност и органски материјали.


Покрај разговорот со Света имав чест да поразговарам и со неколку дизајнери коишто беа присутни и дел од овој моден викенд. Секој дизајнер има нешто посебно и поразлично за своите дизајни да каже и да те воведе во нивниот свет.


Стефанија Насеска и нејзината колекција „Војаж“, ни ја претстави токму на начинот на кој што сите ќе ја почувствуваме приказната позади неа. Оваа колекција „Војаж“ претставува временско патување, модели направени со извлечена инспирација од носии, односно како некој посетител од иднината би можел да ја претстави народната носија како за овој период. Нејзините дизајни се современи, направени со органски материјали. Наредното нешто што го очекуваме од нејзе е фотосесија за оваа колекција.



MINNIMAL се две дизајнерки, партнерки кои што втор пат се појавуваат на нашата сцена односно оваа колекција им е втора по ред,  веќе имаат извадено пролет/лето колекција, нивната цел е да направат класични и безвременски дизајни со природни материјали како и модни додатоци  направени исто од природни материјали.


Ирина Тошева, веќе добро позната на македонската модна платформа и пошироко веќе долги години, ни кажа за нејзините очекувања и како гледа на ваквиот моден викенд. На ваквиот моден викенд гледа како одлична можност за модните дизајнери да се прикажат себеси и да го претстават најдоброто од себе бидејќи имаше можност за изложување на стари колекции покрај новите и презентирање на одржлива мода. Знаејќи во каква ситуација се наоѓаме сите со пандемијата, беше нешто поразлично под маските, поразличен пристап и поразлично доживување на целиот моден викенд.



Целиот овој моден викенд е нешто поразлично и ново затоа треба да го искористиме максимално за да погледнеме, видиме и почувствуваме што може македонската модна сцена да ни понуди.



_______
ФОТОГРАФИЈА: Филип Бојковски

Ева е студент на Академијата за моден дизајн во Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“. Таа е неуморен креативец. Посветена на личниот развој, но и глас на новата модна сцена, на која и самата припаѓа.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ