УШТЕ СВЕТЛИНА // ПЕТТИ ФЕСТИВАЛСКИ ДЕН
1.52k
Вчера се одржа промоција на млади автори со нивните најнови драмски дела.
Погледнете дел од атмосферата
Македонскиот центар ИТИ претстави нови драмски дела на млади автори. „Скопските шепотења, крици и драматизирања“, поддржан од Град Скопје, објави шест драми на авторите кои беа дел од проектните активности. Иницијатор на проектот е Иванка Апостолова Баскар. Авторите кои учествуваа во креирање на е-драмите се: Миа Ефремова, Миа Николовска, Нина Плавањац, Никола Кузелов, Синан Ракиповски. Драмските текстови се напишани на македонски и англиски јазик. Тие експериментираат со структурата, темите, ликовите, репликите, атмосферата и стилот. Конференцијата беше модерирана од Бесфорт Идризи, театарски режисер. Се надеваме дека драмите на овие млади автори ќе го доживеат и своето сценско прикажување. Во интернационалната програма, ја погледнавме претставата „Искршено на делови”, во продукција на театарот од Франција, Ла Бел Мениер.
„Искршено на делови“ e претстава којашто личи на торба полна со изненадувања, со мирис на експлозив. Одиграно од страна на двaјца сатирични ликови, кои потсетуваат на Лорел и Харди. Ова прекрасно и внимателно спакувано парче мебел ќе биде изложено на суров и весел масакар, сè додека не остане ништо, освен една рушевина. La Belle Meunière е француска театарска трупа, посветена на уметничкото творење во областа на театарот, звукот, кинематографијата. Раководена од Маргерит Борда и Пјер Муњие, се стреми кон создавање на театарски форми, притоа користејќи слични методи како оние во истражувачките работилници: преку различни типови на материјали пренесуваат искуства и прават експерименти, актерот истовремено е и истражувач кој се соочува со законите на физиката, коишто пак, потајно зборуваат за човечката состојба со многу ентузијазам. Студентите од Факултетот за драмски уметности -Цетиње се претставија со својата продукција „Другата страна на ветрот”. „Другата страна на ветрот” е претстава за сите генерации, највозрасните и најмладите. Особено за оние кои заборавиле на своето внатрешно дете или можеби го изгубиле. Оваа приказна ќе им помогне повторно да го пронајдат детето во себе. Сите ние некогаш сме биле „деца“, сме се сомневале, сме биле во потрага по вистините, целите и среќата. Но, малку од нас сме сфатиле дека нашите цели и среќата се многу блиску до нас или пак, почесто ги носиме во себе. Факултетот за драмски уметности во Цетиње е основан во академската 1994/95 година, како оддел при Факултетот за уметности. Во септември 1997, е основан како независна универзитетска заедница. Нуди додипломски студии (BA) по актерска игра, филмски студии (драматургија, режија и продукција) како и театарски студии (драматургија, режија и продукција).
На петтиот фестивалски ден, започнува МАСТЕР КЛАСОТ под името „НЕ Е СÈ ВО ПАРИТЕ”, под менторство на актерката Дамјана Черне од Словенско Младинско.
Денес (22.09)
Во интернационалната програма, со почеток од 19:30 ч., ќе ја гледаме претставата „Одило. Помрачување. Ораторија.”, во продукција на Словенско Младинско, а во режија на познатиот режисер Драган Живадинов.

Билети за претставата<<
Во студентската програма ќе ја погледнеме студентската претстава „Крушата”, во продукција на Академијата за изведбени уметности во Братислава почнува во 21:00 ч. и е достапна за гледање до полноќ.

Линк до претставата <<
