УШТЕ СВЕТЛИНА // ТРЕТ ФЕСТИВАЛСКИ ДЕН
1.5k
Синоќешната претстава во интернационалната програма „Крајот”, во изведба на Берт и Наси, е тажен, истовремено и смешен израз за тековната климатска катастрофа. Во оваа нова претстава, Берт и Наси го танцуваат крајот на нивната врска и замислуваат каква би била иднината кога би се немале еден со друг. На сцената, преку проекција на платно, паралелно течат два наративи: крајот на планетата Земја и крајот на нивната врска. Познатиот магазин „Гардијан”, за нивната претстава вели: „Истовремено е најстојчиво смешно и целосно срцепарателно“ – Гардијан.
Бертранд и Наси се двајца европски театарски уметници, кои живеат во Обединетото Кралство и имаат светска репутација за создавање на оригинален политички театар. Творејќи во време на ограничувања и за ограничувања, нивните дела ги позиционираат некаде помеѓу уметноста во живо, танцот и театарот. Заеднички имаат продуцирано пет претстави со коишто се претставија на престижни настани и фестивали во светот.
„Барем не треба да се бакнувам“, во студентската програма раскажува приказна за луѓето кои не можат да се соочат со неизвесноста на смртта, како и со традиционалните идеи за животот по смртта. Религијата, а со неа и рајот и пеколот се поставени, не како верувања, туку како експерименти, како празни структурални места, сцени, илузии.
Академијата за театар, радио, филм и телевизија нуди додипломски и постдипломски универзитетски студии за професионална обука на студенти во областа на театарот, радиото, филмот и телевизијата. Во рамките на овие студии, вклучени се активности од областа на театарот, радиото, филмот и телевизијата, коишто се својствени за образованието во уметничките професии, како и истражувачки активности во научните сфери на театарските и филмските студии.
Академијата има за цел да остане една од водечките и најистакнати образовни институции од областа на театарот, филмот, радиото и телевизијата, следејќи ги најиновативните современи текови во уметноста и пренесувајќи им ја најквалитетната селекција од искуства на нивните студенти. Погледнете дел од атмосферата на дводневната работилницата за физички театар - ДВИЖЕЊЕ – ГРАДЕЊЕ ЛИК СО ФИЗИЧКИ ТЕАТАР, под менторство на Моник Масиус.
Денес (20.09)
Денес, фестивалот во 19:30 ч., ќе ја прикаже премиерно Универзитетската конференција на којашто учествуваат 7 универзитетски професори: Александра Маџуков, Драгана Варагиќ, Бранко Илиќ, Бранко Јордан, Алина Мангра, Дијана Павлачкова и Елиф Искендер, модерирана од Бинаса Дрндар. Информирај се околу работата на еден од најдобрите универзитети за уметност.

Линк до конференцијата >>
Во студентската програма, во 21:00 ч., ќе ја погледнеме претставата “Брачна игра”, познатото дело на Едвард Олби, во продукција на Академијата за уметност во Белград. Претставата е достапна до полноќ.

Линк до претставата >>
