• Немате производи во кошничката.

НА СКАЛИЧКИ СО КРИСТИНА ПЕТРОВСКА


Еднаш месечно „на скалички“ го разгледуваме последниот проект во портфолиото на локален млад артист или студент по дизајн и уметност.

Овој месец се дружиме со пет студенти и нивните семестрални проекти од предметот „прототип дизајн студио“ при Академијата за ентериер и продукт дизајн, под менторство на Катерина Трпковска и Деспина Здравкова.


Денес, седнавме на „скалички“ со Кристина Петровска да продискутираме за нејзиниот последен проект „Cala“.


Со творење низ различни сфери во креативниот свет, од музичките почетоци, преку новинарството, Кристина отсекогаш била љубител на дизајнот и сега конечко му се посветува. Слободното време не го категоризира како слободно, бидејќи секогаш е со нови проекти, патувачки, пишувачки или проекти на Академијата за ентериер и продукт дизајн при Школата „Џолев и уметностите“ . Со  преголема посветеност при избработка на нејзиното последно дело на самата Академија, Кристина ни открива малку повеќе за него.


За делото…


„Cala“ делумно зборува за мојот карактер, како што и споменавме претходно. Необичен спој на нештата. Зошто не би можела ламбата истовремено да изведува и полу-улога на вазна.:) ? Спој на две, според мене, најважни финиши во ентериерот, коишто всушност му даваат карактер на целиот простор. Комплетното чувство на просторот значително зависи од ефектите на осветлувањето. Зеленилото како чувство на пријатност, осветлувањето – чувство на топлина. Дизајнот на „Cala“ води инспирација од нордискиот начин на изразување, којшто се карактеризира со доза на минимализам, едноставност, а во исто време и функционалност.


За процесот...


Изненадувачки брзо прогресираше целaта изработка на „Cala“и покрај непредвидените потешкотии со коишто се соочивме. Среќа попуштив пред сугестиите на Кате и Деспина хаха, па иницијалната идеја претрпе некои ситни модификации, коишто и не беа воочливи, откако целиот продукт се финализираше.


За Академијата…


Неформалното образование зема замав во изминатите неколку години и токму на академијата сфатив зошто е тоа така. Начинот и пристапот на сите ментори со коишто имавме можност да работиме, се докажа како крајно функционален, од аспект на несебично споделување на знаење, стимул, мотивација и поддршка во текот на целиот процес, во било кој период од денот!


За иднината…


Во моментов сум фокусирана на восприемање на целото знаење на менторите, затоа што ова е свеж почеток за мене. Меѓутоа, континуирано има работа и проекти на коишто заеднички работиме. И сигурна сум дека до крајот на академијата, менторите ќе го извлечат најдоброто од нас, за да секоја си го најде патот и да го работи она што го сака. 






Технички цртеж



Прототип 1



Прототип 2




Конечен продукт [фотографии]










_____
Фотографија [насловна]: Антонио Станков


Главен и одговорен уредник на Скала магазин. Филмски режисер и визуелен уметник со јавно самостојно, групно и фестивалско претставување на филмски, театарски, фотографски, дизајнерски и пишани дела. Наградуван и пофалуван дома и во странство. Последно јавно претставување, самостојна фотографска изложба “Тркалезни форми” во Галерија Прима Центар во Берлин, Германија. Основач и ко-сопственик на Џолев и уметностите.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ