• Немате производи во кошничката.
TOP

ВО ПРОДАВНИЦА СО САРА СИМОСКА



____________

Скала шоп е отворена! За почеток, секој понеделник во СКАЛА ПРОДАВНИЦА на „полица“ ќе биде претставен нов млад автор/кa или студент/ка по дизајн и уметност. Со пар кликови секој може да порача оригинално уметничко дело и за помалку од три работни дена истото ќе биде доставено на домашна адреса.


САРА СИМОСКА // MOVABLES


Сара Симоска е архитект со Магистерски студии со пофалба на Универзитетот Политехнико ди Милано во 2016 година. Основач e на „Сара Симоска Архитектура“ и „МЕЛЕЕМ – Скопје“. Има освоено интернационални награди на архитектонски конкурси во Русија, Италија, Србија и Словенија. Со МЕЛЕЕМ од 2013 година има работено на 20 работилници за дизајн на урбана опрема на јавните простори во Скопје, Тетово, Прилеп и Белград. Во 2020 година ја реализира својата прва колекција парчиња мебел наречени Movable и планира да експериментира со нови иновативни модели во иднина.

Идејата за подвижни полици потекнува од самата потреба на современиот човек да се движи во просторот, како да прави промени на просторот во којшто живее, така и да се преместува од еден простор во друг повеќе пати во својот живот. Овие полици се димензионирани за складирање на основните предмети како книги, музички плочи, крпи, музички инструмент, шминки и козметика, играчки за деца и друго. Секоја полица има уникатна и динамична форма и претставува дрвена скулптура во простор којашто внесува нова креативна енергија во секој дом. Овие полици се наменети за луѓе со исклучителен вкус и динамичен дух. Сите се рачно изработени во локална работилница во предградието на Скопје од буково дрво, во природна боја.


ПОДДРЖИ ГИ МЛАДИТЕ АВТОРИ!
КУПИ УМЕТНОСТ // ПОДАРИ УМЕТНОСТ

КОН ПРОДАВНИЦА

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ