• Немате производи во кошничката.

ЗДРАВО МЛАДИ 10!



Во четврток се одржува 10-тото јубилејно издание на фестивалот на нова музика – ЗДРАВО МЛАДИ!


Настапуваат: Efterklang, Funk Shui, Lalalar, PMG Kolektiv, DJ FITZ и Сали Ертунч со изложбата „25-тата слика – Неслушнатото, невиденото и незбореното“.

ЗДРАВО МЛАДИ постои за да го опипа пулсот на постоечката независната култура и со тоа – да донесе бендови и артисти кои се во тек со модерната и современа музика од независната музичка сцена. Полека и инаетливо се движиме кон ова десетто издание. Од инцидентен настан, до дефиниција за добар провод.

New music first другари!
Фестивалот ќе се одржи под посебни безбедносни и здравствени мерки, дефинирани во протоколот за организација на јавни настани.

Билетите по цена од 500 денари се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн.


______


СКАЛА МАГАЗИН ОФИЦИЈАЛЕН МЕДИУМСКИ ПОКРОВИТЕЛ НА ЗДРАВО МЛАДИ#10!




Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ