• Немате производи во кошничката.

НА СКАЛИЧКИ СО ДЕНИЦА СТОЈКОСКА


ЕДНАШ НЕДЕЛНО „НА СКАЛИЧКИ“ ГО РАЗГЛЕДУВАМЕ ПОСЛЕДНИОТ ПРОЕКТ ВО ПОРТФОЛИОТО НА ЛОКАЛЕН МЛАД АВТОР ИЛИ СТУДЕНТ ПО ДИЗАЈН И УМЕТНОСТ.

„Се чувствувам како дете во слаткарница, сакам да ги пробам сите можности што ми се нудат.“ – Деница Стојкоска.
На една од тимските дружби, со Деница почнавме да разговараме за што ни се случува и на што работиме во моментов. Па така, спонтано, сфатив дека би било супер сите всушност да се запознаете со Деница и нејзиниот последен проект, кој како дел од завршната изложба при ФЛУ, се бави со тематиката на трансформирање на ликовното творештво од аналогно во дигитално.
Деница е сертифициран перфекционист што сака да ги проучува формите во коишто се појавува уметноста денес и нивните значења. Во моментов е во завршна фаза на Академијата за визуелни уметности при Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, работи на својата дипломска изложба и илустрира за Скала магазин.


За проектот…


Обожавам граници. Онакви строго поставени, дебели. Па, кога професорот Хусковиќ ни даде задача за Акт 6 да правиме репродукции на познати дела, актови, што беше сосем разбирливо бидејќи во тој курс не се држеше настава со физичко присуство и живи модели, јас почнав да размислувам како можам да го исполнам барањето, но и да воведам нешто свое, со ова на ум, јас, се одлучив да ги репродуцирам Сините актови на Хенри Матис, меѓутоа позадината на делата да биде поразлична од оригиналот, односно да има некаква интервенција на истата.


За изведбата на проектот…


Користејќи разни сликарски материјали, ги наслојував – за на крајот, да го залепам избраниот син акт, претходно пресликан на паус, врз текстурираната основа, бидејќи многу уживав во овој процес се одлучив да продолжам да творам и други дела со истата постапка. Наредниот семестар веќе паралелно ја посетував и Академијата за Визуелни уметности, каде што открив многу нови техники за творење. Тогаш започна интересот за дигитализирање на уметноста.



Препорака…


Ги препорачувам сите артисти и автори, колку повеќе различни дела восприемаш толку подобар резултат. Аналогното и дигиталното творештво се два различни пола или барем тоа е така за мене. Уште учам да го применам традиционалното во овој нов софтвер, но тоа си носи свои предности како можноста да се менуваат елементите во секој момент (или барем додека не ти crash-не фотошоп).


За инспирацијата…


Дефинитивно сакам да пробам да направам инсталација од некој тип, тоа ми е така неистражена зона. Инспирација наоѓам во луѓето и просторот околу мене, знам дека звучи банално ама многу е важно да посетуваме различни места и да зборуваме со различни луѓе: стари, млади, многу стари и многу мали, бидејќи уметноста денес е социјална и сака да се споделува.


За минатото..


Почетокот на моето творештво е од средно училиште, во „Карев“ и најинтересни случувања беа подготовки за Свирложба, тоа беше најважното нешто на светот. Еуфорија до плафон, секој ден консултации и дружби со професорите и соучениците, трчање по скали, низ ходници… За на крај една вечер да биде точка, извичник и прашалник на една долга реченица што сме ја пишувале цела година.



За иднината..



Во малку подалечна иднина се гледам надежно во училница, со дневник, а моите дела ги гледам во домовите на моите драги луѓе.




















___ __
Фотографија на насловна: Антонио Станков
Асистент на фотографија : Мартина Пенева

Студент на Архитектонскиот факултет каде ги завршува магистерските студии и алумни во Џолев и уметностите од Академијата за визуелни уметности. Меѓу другото денес е мултидисциплинарен креативец и Проектен менаџер во Институтот за дизајн и технологија - Скопје. Дел од првиот тим на Скала Магазин како главен и одговорен уредник во пишувачкот оддел, а денес дел од истиот како пишувач.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ