АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТ: КУПРУМ // МАЧКА + ДРАШ
>> РУБРИКА ВО КОЈА ГИ АРХИВИРАМЕ И РЕСТАВРИРАМЕ НАЈЗНАЧАЈНИТЕ ГРАФИТИ И АРТИСТИ ОД „КУПРУМ“. [текстот содржи метафори]
Постојат различни приказни за тоа кога всушност се појавуваат првите графити натписи. Од Корнбред, студент од Филаделфија кој за да го добие вниманието на девојката која му се допаѓала започнал да испишува по ѕидовите на градот, па сè до “бандите” од 70-тите кои ги користеле графити потписите за да ја обележат нивната “територија”. Во 80-тите графити уметноста од надворешните ѕидови на зградите пенетрира и станува дел од внатрешните ѕидови на галериите. Од тогаш, па сè до денес, графити културата расте, развива различни стилови и локации. Таа е урбан медиум (иако сè уште на некои места маргинализиран) кој се користи за пренесување на различни пораки и ставови во секој сегмент од секојдневниот живот (општествен, политички, културен итн.). Еден напуштен објект е архива и колекционер на графити културата во Скопје – фабриката “Купрум” во населбата Хром. Свој потпис и удел во оваа колекција имаат оставено графити артистите Мачка и Драш.
АРТИСТИ: МАЧКА + ДРАШ
МАЧКА: Првиот официјален графит што го имав нацртано во јавен простор беше на ѕидовите на Архитектонскиот Факултет во Скопје во 2001 или 2002 година. Тоа беше организирано, легално цртање од страна на „Мобилен културен контејнер“ ако добро се сеќавам, на кое учествуваа околу петнаесетина цртачи од кои еден бев и јас :)
ДРАШ
МАЧКА: „Купрум“ е идеално место за секој цртач, напуштено место каде што може да се осети слободата на таквото изразување, место каде што можете да нацртате што сакате, да понесете боја со вас колку што сакате и да исцртате површина колку што можете или имате желба и никој на тоа да не ви го забележи или забрани…
ДРАШ
МАЧКА: Цртањето започна некаде 2015 или 2016 година кога наши пријатели цртачи веќе имаа цртано внатре и дознавме дека е безбедна зона за цртање :) Фабриката првично изгледаше празна, напуштена и обрасната со диво зеленило несекаде окoлу неа, од кога почнаа да ја посетуваат цртачите, за многу брзо време ѕидовите стануваа сè пошарени.
ДРАШ
МАЧКА: Мене лично цртањето од 4-5 саати многу повеќе ме исполнува за разлика од „адреналинското“ цртање. Најважно ми е тоа биде опуштено, да има добра дружба со добра екипа и добра атмосфера :)
ДРАШ
МАЧКА: Досега не сум имал незгодни моменти, но кога сум имал некоја таква слична ситуација секогаш сум ги посочувал урбаните „легални“ објекти или квази - објекти, како на пример билбордите од кои е избомбардиран целиот град и од кои сме принудени да ги гледаме секој ден се повеќе…
ДРАШ
МАЧКА: Би ги поздравил и охрабрил луѓето коишто започнуваат со креирање на својот „белег“ врз општеството, но прво би им препорачал да бидат внимателни со изборот на локацијата и ѕидот каде што сакаат да го остават нивното дело и притоа истото тоа дело да носи некаква порака која не би навредила или загрозила некого.
ДРАШ
________
Погледни го претходниот напис: ГРАФИТИ АРТИСТ „ХРОМ“
СОДРЖИНА: Бинаса Дрндар [уредник на рубриката];
ФОТОГРАФИЈА: Антонио Станков [уредник на фотографија] // Долорес Соколова [асс. на фотографија и постпродукција на фотографија];
__________________