• Немате производи во кошничката.

Импресии // САЕМ + ПАНЕЛ: Добро утро креативци


Драги скалаџики и скалаџии. Ви споделуваме фотографски импресии од најголемиот скалаџиски празник „Добро утро креативци“ – саем за размена на креативни искуства и размисли.

   
Целта на овој настан е на едно место да се соберат и претстават актуелните случувања во креативните индустрии, уметноста, дизајнот, културата и образованието. Програмата вклучува саемски изложбен и продажен простор, музички перформанси, панел дискусии и галериска изложба.



Во рамки на саемското изложување, се претставија 13 физички и правни лица од креативните индустрии: Ана Јовановска [уметност, дизајн, книги], Данче Станковиќ [ѕидни мурали], Елена Ристовска [накит од сребро и месинг], Еснаф [производи од рачни изработки], Јулија Барбун [накит од епоксидна смола и живи цвекиња], Мирјана Јосифоска [нова модна колекција на шапки], Сказнувалка - Друштво за издавачка дејност [сликовници и книги за деца и млади], Книговез [рачни изработки од хартија и кожа], ХОПС - Опции за здрав живот Скопје [светлосни елементи, хартиени садови], Хеклана [плетена облека и накит], Џолев и уметностите [Школа за дизајн и уметност], 5 до 12 [производи од рачни изработки], Reд [облека и модни додатоци].



За дневната музичка програма се погрижија нашите драги пријатели и другари: Мирко Попов, Марко Вилиќ, Лука Кекиќ и Baltiq! < 3 < 3 < 3 < 3

Ние сме SKALA School
10 Години // Академии за дизајн, уметност и технологија [прочитај повеќе]





Во прилог кратко инфо за учесниците на саемското изложување ::
АНА ЈОВАНОВСКА 
[УМЕТНОСТ, ДИЗАЈН, ART BOOKS]
Магистар по ликовни уметности на ФЛУ од област графика. Покрај искуството од ФЛУ, Ана своето знаење го надоградува и на „École supérieure d'arts & médias de Caen/Cherbourg“ во Франција. Во своето портфолио има 12 самостојни и повеќе од 200 групни изложби и прикажувања во Македонија и во странство. [линк со повеќе содржина]


ЕЛЕНА РИСТОВСКА 
[НАКИТ ОД СРЕБРО И МЕСИНГ]
Рафинирана естетика, визуелно доживување, чисто уживање. Дела со математичка прецизност во изработката, линии коишто го освојуваат просторот со цртачката и творечка вештина на Ристовска, која успева да ја трансформира теоретската поткрепа како историчар на уметност и естетски да ја материјализира. [линк со повеќе содржина]


ДАНЧЕ СТАНКОВИЌ 
[ЅИДНИ МУРАЛИ]
Седумгодишно искуство во изработка на комерцијални, приватни и авторски ѕидни мурали со широк спектар на техники и стилови. [линк со повеќе содржина]


ЕСНАФ 
[ПРОИЗВОДИ ОД РАЧНИ ИЗРАБОТКИ]
Продавница за рачни изработки од над 100 занаетчии и креативци од целата држава. Со својата онлајн и физичка продавница се бори против униформноста и консумеризмот, нудејќи рачни изработки коишто ја претставуваат нашата традиционална и современа култура. [линк со повеќе содржина]



ДОБРО УТРО КРЕАТИВЦИ
ПОГЛЕДНИ ЈА ИЗЛОЖБАТА ЗА: // ЛИКОВНИ УМЕТНОСТИ

ТУКА : )



ЈУЛИЈА БАРБУН
[НАКИТ ОД ЕПОКСИДНА СМОЛА И ЖИВИ ЦВЕЌИЊА]
Интуитивен, апстрактен и самоук уметник кој е претпознатлив по својот накит од епоксидна смола. Во своето портфолио на рачни изработки црта и облека претпознатлива по своите емотивни цитати. [линк со повеќе содржина]


МИРЈАНА ЈОСИФОСКА
[МОДНА ДИЗАЈНЕРКА]
Модна дизајнерка препознаена по својот бренд на уникатни и рачно дизајнирани шапки со занаетчиска техника. Овие модни додатоци се одржливо дизајнирани и етички произведени во Македонија со материјали од природно потекло и рециклиран материјал. [линк со повеќе содржина]


СКАЗНУВАЛКА 
[Друштво за издавачка дејност]
Издавачка куќа специјализирана за книжевност за деца и млади чијашто мисија е да придонесе за развојот и интелектуалното богатство на децата преку текстови и илустрации коишто ќе им ја разбудат имагинацијата и уметничкиот сензибилитет. [линк со повеќе содржина]


Додека на зелениот трем во Паблик рум се одвиваше саемското изложување, во просториите на Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, која на 3 мај годинава прослави една деценија од првиот одржан час и се ребрендираше во СКАЛА - Школа за дизајн, уметност и технологија, се одржи панел дискусија на тема: NFT – МЕХАНИЗАМ ЗА ПРОДАЖБА НА УМЕТНОСТ ИЛИ МЕДИУМ?



Сè што сакавме да дознаеме од позиција на уметник/дизајнер за NFT поразговаравме со Иван Ивановски, претприемач, сопственик на „Bike Computer“ и креативец и Андреј Димов, софтвер девелопер. Настанот ќе го модерираше Дејан Џолев, филмски режисер, визуелен артист, основач на „Џолев и уметностите“ и уредник на „Скала магазин“.



КНИГОВЕЗ 
[ПРОИЗВОДИ ОД РАЧНИ ИЗРАБОТКИ]
Книговез е мала фамилијарна компанија од Охрид, основана 1979 год. каде што се изработуваат голем број на најразлични бележници, во разни големини и корици од кожа, тапет, текстил, книгопласт и сл. Сите производи се изработуваат рачно со можност за комплетна персонификација и унифицираност по соствен избор. [линк со повеќе содржина]


ХОПС 
Опции за здрав живот Скопје
ХОПИ-Модулар е економска активност на организацијата ХОПС којашто има за цел да прерасне во социјално претпријатије во коешто се изработуваат ентериерни елементи од хартија и картон. [линк со повеќе содржина]


ХЕКЛАНА 
[ПЛЕТЕНА ОБЛЕКА И НАКИТ]
Студио специјализирано за рачно плетена гардероба и аксесоари како и декоративни изработки во макраме-техника. [линк со повеќе содржина]


СКАЛА - Основано од „Џолев и уметностите“
[Школа за дизајн, уметност и технологија]
Школата за дизајн уметност и технологија - SKALA School, се претстави со последниот проект на студентите од Академијата за моден дизајн, во соработка со Социјален Центар ДУЊА и акцијата „Второ Азно“ - платформа каде половните предмети имаат неколку животи. Акцијата вклучуваше донација и размена на стара облека, додека студентите подоцна ја преработија и редизајнираа во ново употребливи парчиња облека. Наскоро целата колекција ќе биде претставена и на нашата е-продавница, кадешто собраните финансии од продажбата ќе бидат хуманитарно донирани. SKALA School // 10 Години Школа за дизајн, уметност и технологија [линк со повеќе содржина] 


5 до 12
[ПРОИЗВОДИ ОД РАЧНИ ИЗРАБОТКИ]
Креативна работилница за рачна изработка на аксесоари од дрво. Најавтентичен производ на овој бренд се персонализираните привезоци за миленици. [линк со повеќе содржина]



RЕД 
[ОБЛЕКА И МОДНИ ДОДАТОЦИ]
Студио за дизајн на облека и модни додатоци, чиј автор се обудува да воспостави РЕД во општествениот хаос преку редизајнирање на текстил со интеграција на графичкиот дизајн во неговите уникатни продукти коишто ја прикажуваат слободата и желбата за прифаќање на себеси, онакви какви што сме. Кршливи, ранливи, но сепак силни и исправени пред животните предизвици. [линк со повеќе содржина]


Благодарност до сите учесници и гости. Огромно tnx и до сите волонтери, пријатели и поддржувачи. 

Добро утро на сите! < 3



Овој проект е поддржан од Young Cities + Democracy Lab. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на авторите и не ги одразуваат оние на Young Cities + Democracy Lab.



Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ