• Немате производи во кошничката.
скала магазин мкц здраво млади хајка

ИМПРЕСИИ // Здраво Млади 12!

Посебна е годинава во нашиот ни МКЦ и прилично сѐ што се случува таму годинава има посебна убавина бидејќи секое издание на кој било фестивал или кој било настан го има славеничкото чувство. Та најпрво, среќен 50-ти роденден МКЦ <3

На Здраво Млади сум бил неколку пати и речиси секогаш знаеме каква журка знаат да направат. Така и годинава, три сцени - две на отворено во Паркот и трета, Амок сцена, во холот на МКЦ. 

Куп артисти, бендови, диџеи и добро е - времето не нѐ зезна ниту нѐ поплави.

А и во редакцијата на Скала бевме прилично возбудени за ова издание на Здраво млади, па како вистинска младинска редакција, тим од десет луѓе, ви спремаме целосно визуелно-текстуално покривање на фестивалот.

Бидејќи Ана и Џолев го изфоткаа секое ќоше на фестивалот, а Петар, Андреј, Стефи и Андријана спремаат интервјуа и Парк шема-Импресии, јас ќе опфатам три бендови кои лично ми оставија најголеми впечатоци.

1. Deerhoof - колоритност и мултизвучност
Само што влегов, земав пијачка и отидов на (по)големата сцена. Тогаш почнуваа Deerhoof со нивната свирка и, ако сум искрен, првпат ги слушам. Ама веднаш ми кликна нивната музика. Впрочем и тоа е убавината на Здраво млади - секогаш дознаваш нови бендови! Deerhoоf се колоритни, возбудливи, заносни, се вљубуваш во тоа колку се заиграни и среќни, позитивни се, но и сатирични, а музиката им е интензивна, храбра, но и хипнотична. 



2. Tamada - и добриот бит може да има ориентален звук
Музиката на Tamada првпат ја чув годинава на Cinedays. Нивната „Piramde” беше пуштена пред скоро секој филм како најава за нивниот настап на Здраво млади. И навистина имаат преинтересна музика! Во музиката, но и настапот на Tamada ај што ќе видите спој на некој добар бит со ориентални инструменти, ај што ќе ве натераат да не престанете да денсате додека свират, туку ќе видите и една сигурност и стабилност, храброст и љубов кон сопственото тело и кон музиката која ја создаваат, а дополнително ако им ги погледнете спотовите кои практично се краткометражни филмови - добивате возвишен пакет!



3. Хајка - Она има к**, а на Хајка им пораснал... квалитетот
Годинава, случајно или не, Хајка ги изнагледав и изнаслушав на куп настани. Беа и на Д Фест, и на Beach Film Festival, и на Пиволенд... И објективно ако гледаме навистина стануваат еден од водечките бендови на младинската музичка сцена (заедно со Луфтанза и уште неколку други). Направија одлична атмосфера, публика ги сака, а и тие го знаат тоа и така се однесуваат. „Мека машина“ им е баш одлична, а им го чекам новиот им албум, до тогаш ќе ги чуете на Парк Шема. И нека им расте... квалитетот!



+ +
Покрај издвоените артисти, вечерта имавме можност да журкаме во МКЦ Парк и со Rush to relax, Палиндром, Dorian Concept, 21 век, Sajzerbiterlemon, Porto Morto, Tootard, Dj Fitz, и на Амок бина со Martina Peneva, Emi Emirlova, Herzel, Штадт, Not Waving, Bufiman. 


Martina Peneva

Сѐ на сѐ одлична атмосфера, цел нареден ден си седев со мамурлакот, па текстов доцни малку.

Фала ви за гостопримство МКЦ, се гледаме.

Чао млади!

П.С. Постерот и визуелниот идентитет на годинешново издание – фасцинантно!


________
Пишува: Андреј Медиќ Лазаревски
Фотографии: Ана В’чкова + Дејан Џолев


Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ