1.86k
Дваесет и четвртиот Моден Викенд Скопје во соработка со Македонската Модна Асоцијација беше едно од најголемите модни случувања во земјата, а воедно и вистинско уживање за сите љубители на модата.
Во богатата модна програма од 1 до 3 октомври оваа година беа вклучени градовите Скопје, Битола и Штип, [и онлајн] заеднички креирајќи нова иднина во модниот свет под темата „NoWasteMK“.
Овогодинешното издание на Модниот викенд под слоганот „Beyond the Fields”, овозможи простор за промоција на 30 креативци и нивните дела. Покрај претставувањето на колекциите за оваа есен, имавме можност да ja проследиме дискусијата за одржливоста како нов тренд во индустријата дел од тркалезните маси, проекти, предавања, разговори, но и да размениме размисли, искуства, совети со креативни професионалнци и врвни експерти во областа на модата.
Покрај останатите дизајнери и дизајнерски студија како: Стефанија Насеска, Евгенија Зафировска, Хана Зека - Fight or Flight brand, Four Twenty Two, KTN, Son of Salome, Мирјана Јосифоска, Роберт Ивановски, Luna Aditeya, Leap Concept, се претставија и студент(к)ите од Академијата за моден дизајн при Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“: Теа Клинчарова, Верица Наковска, Предраг Трајковиќ, Марко Пешов, Андријана Јовановска Павловски, Николина Ристовска, Сара Павловска и Елена Симјановска.
Преку краткиот експериментален моден филм „Сепак се врти“ се претставија модните колекции на овие студенти од генерацијата 2020/21 година на Академијата за моден дизајн.
ДЕН 1
ДЕН 2
ДЕН 3
♡
______
ФОТОГРАФИЈА: Антонио Станков + Марко Вилиќ