• Немате производи во кошничката.

Отворен повик за Скала галериска изложба #4!



ДРУГАРИ И ДРУГАРКИ, ДОБРО УТРО КРЕАТИВЦИ! НА ОВОЈ ПОВИК МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВАТ СИТЕ АВТОР(К)И, КОИ ИМААТ СТАВ НА ТЕМА: ПОЛАРИЗАЦИЈА // ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ТЕМАТА И ЖИРИТО :: [ ТУКА ]


ПОГЛЕДНИ ЈА ТРЕТА СКАЛА ИЗЛОЖБА
ВИЗУЕЛНИ РАЗМИСЛИ НА ТЕМА: // СОГОЛУВАЊЕ

ПОГЛЕДНИ
Уметничките дела може да бидат во било кој визуелен медиум: видео арт, сликарство, фотографија, илустрација, графика, скулптура... Секој автор може да пријави макс. 3 дела.

На конкурсот ќе бидат разгледани исклучиво дела кои ја обработуваат темата „поларизација“ и дела кои се создадени во временски период помеѓу 10 март и 10 април, 2022 година. Сите дела кои се надвор од овие рамки ќе бидат дисквалификувани. 

Скала магазин има обврска да ги отпечати и врами делата, да ги изложи во галериски простор, да испечати мал каталог за изложбата, и да организира пригоден коктел за отворањето.

Aвторите ќе имаат можност да ги продаваат своите изложени дела на Скала продавница.
Конкурсот е отворен до 10 април 2022 година.



ЧЕТВРТА СКАЛА ИЗЛОЖБА
ВИЗУЕЛНИ РАЗМИСЛИ НА ТЕМА: // ПОЛАРИЗАЦИЈА

ПРИЈАВИ СЕ ТУКА

P.S. Затоа што вашата уметност припаѓа во галерија, а не на инстаграм!

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ