УШТЕ СВЕТЛИНА // ШЕСТИ ФЕСТИВАЛСКИ ДЕН
1.47k
Вчера беше одржан МАСТЕР КЛАСОТ „НЕ Е СÈ ВО ПАРИТЕ”, под менторство на актерката Дамјана Черне. Таа вели: „Денес културата се соочува со големи непогоди и следствено, помало финансирање и полоши услови. Сепак, кога има волја, постои и начин и не, нема да бидеме замолчени!“
На Словенечкиот младински театар, ја погледнавме претставата на Драган Живадинов. Претставата „Одило. Помрачување. Ораторија.“ е зачетник на неизвесниот период пред потенцијалното избивање на нов светски судир. Геостратешките и геополитичките интереси, подемот на национализмот и расизмот. Вестите се застрашувачки, слични на оние со коишто се соочиле нашите предци пред и по Втората светска војна. Одило Глобочник е мрачен лик од словенечката историја. Тој е Словенецот кој бил високо рангиран хиерархиски во рамките на германскиот нацистички систем. Младинскиот театар – Словенечкиот младински театар е основан во 1955 година, како прв професионален театар за деца и младинци во Словенија. Во првите 25 години, театарското творештво било насочено токму кон оваа возрасна група, којашто во ниту еден момент не била потценета. Напротив, уште од самите почетоци, разработувале тешки и комплексни теми, како што е Холокаустот, созревањето, љубовта за време на револуцијата...
Драган Живадинов е режисер, предизвикувач и основач на ретроградниот процес во театарот, коосновач на движењето Нова словенечка уметност, (Neue Slowenische Kunst ), коосновач на Културниот центар за европски просторни технологии (KSEVT), постгравитациски уметник и кандидат за космонаут. И покрај тоа што Живадинов отсекогаш бил заинтересиран за тотален театар, воден од апстрактната уметност, неговата трета постгравитациска уметничка фаза се фокусира на вселената, како вистински простор за (театарска) уметност и тежнее да ја реализира преку прво вистинско апстрактно театарско уметничко дело. Студентската претстава „Крушата” на Академија за изведбени уметности во Братислава, говори за пет млади актерки, користејќи разнолики начини на израз, создаваат импресивен пејзажен мозаик во којшто слободно ги интерпретираат добропознатите Шекспирови ликови, како што се: Јулија, Дездемона, Катарина, Офелија и Лејди Магбет. Истовремено, го одвлекуваат вниманието кон теми поврзани со жените и женственоста преку сценски слики. Академијата за изведбени уметности во Братислава, брои 1050 студенти и е најголемaта уметничка образовна институција во Република Словачка. Студентите имаат можност да ги надградат своите таленти во областа на театарот, филмот, музиката и танцот преку додипломски и постдипломски студии. Целта на Академијата е да понуди суштинско разбирање на европскиот културен контекст, како и запознавање со посебните квалитети на словачката уметност и култура.
Денес (23.09)
Денес во 19:00 ч., не го пропуштајте значајниот настан на фестивалот ЕДНОМИНУТНА АКТЕРСКА ИГРА, каде што ќе погледнеме 10 студенти кои ќе се претстават со едномунитни видеа на тема ПРОДОР.

Билети за претставата<<
Во 19:30 ч. го имаме нашиот специјален гостин Петар Милошевски, чиј перформанс „Ќе се ожениш со мене” ќе го прикажеме во чест на наградените.

Линк до претставата <<
