• Немате производи во кошничката.
Здраво Млади Скала магазин

Здраво Млади е традиција и дел од духот на Скопје!

Оваа сабота ќе биде исполнета со уште еден прекрасен настан кој ќе ги „размрда“ младите во Скопје, а ќе понуди богата музичка програма.


На 3ти септември (сабота), со почеток од 19 часот, ќе се одржи фестивалот Здраво Млади, на кој ќе има преку 17 артисти од 12 различни држави во светот. Овогодинешното издание ќе има 3 главни бини и поп-ап локации низ МКЦ, кој и оваа година ќе биде простор за многу уникатни локални и европски електронски артисти.

Line up или распоред на артисти:
• Rush to Relax
• Sitzpinker
• Хајка
• Tamada
• Tootard
• Dj Fitz
• Palindrom
• Deerhoof
• Dorian Concept
• 21 ВЕК
• Porto Morto
• Еми Ермилова
• Мартина Пенева
• Herzel
• Штадт
• Not Waving
• Bufiman


Оваа листа на артисти е селектирана да одговара на многу различни музички сладокусци, одговара на различни бранови на звукот донесени од преку 10,390 km далечина, дава спој на неспоивото и уживање и искуство кое не се заборава! Од фестивалот велат:


„На Здраво Млади стандардно се доаѓа да се ужива во добро познатата музика која ја сакаме, но и да откриеме нови артисти во чија музика ќе се вљубиме“



Годинава дизајнот на постерот имаше огромна популарност, а го изработи локалниот уметник, Гоце Илиевски кој е досега многу пати наградуван. Во рамките на фестивалот, тој ќе има и самостојна изложба, и истата навистина треба да се види!

Го прашавме и Предраг Митрикески Клекачкоски, „лицето“ на фестивалот и пиарџија, што значи Здраво Млади за Скопје, за нас, за сите во градот, а тој ни рече:

„Здраво Млади не е оној фестивал на кој само одиш да чуеш твој омилен бенд… Здраво Млади е традиција, дел од духот на Скопје и фестивалот на кој одиш да дознаеш нов бенд, нова музика. Толку често имаме привилегија да слушаме „исто па исто“,  оние познати сервирани музички креации… Така што мислам дека ни треба освежување како ова, на сите. Барем јас знам дека ми е здодеано да слушам една иста песна одново и одново. Датумот е трети, атмосферата е добро позната, се гледаме!“

Покрај музичката програма, Здраво Млади ја збогати програмата со обука за инстаграм филтри кои преку агментирана реалност го менуваат изразот на лицето на социјалните медиуми како младите уметници би можеле да се изразат на свој, единствен начин.
И за крај како уникатна и ексклузивна соработка се најавува „oживувањето“ на друидот од постерот, кој ќе е испринтан со помош на 3D принтер и овековечен во лимитирана бројка на терариуми од локални артисти и ентузијасти за ботаника, Etherial3D и Цветко.

Здраво Млади плејлиста преслушајте на овој линк
Билети достапни на Билетарница МКЦ или Online на следниов линк



 






Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ