• Немате производи во кошничката.
Дизајн азбука со Бисера Гиновска, студент на Академијата за UX/UI+ при Школата за дизајн и уметност Скала.

Дизајн азбука: Бисера Гиновска



Официјално и единствено писмо на поими и илустрации на Бисера Гиновска, студент на академијата за ux-ui дизајн при Школата за дизајн и уметност Скала.

Времето го поминува во прашување и потпрашување, чкртка и запишува, и паѓа од точак додека за нови идеи размислува. Секој ден се менува и созрева, и сака околината да го прави истото заедно со неа.

 


 

В // Вештачка интелигенција затоа што и реалноста да е sci-fi филм, роботите никогаш нема да „тепаат“ на крај;

Ѓ // Ѓутуре, затоа што ништо не е „од ѓутуре“ во дизајнот;

Ж // Жичана структура или wire frame, скелетот на секој дигитален продукт;

П // Прибежиште, Академијата е за мене токму тоа, башка е прилика да се „издувам“ и да брмчам како мува со многу многу прашања!;

С // Спринт, ама дизајн спринт, затоа што оној обичниот не би го истрчала.


_________________________________

РЕЖИЈА Дејан Џолев
КАМЕРА Давид Пројковски
МОНТАЖА Давид Пројковски
ТОН Ана В’чкова
АНИМАЦИЈА Виктор Стојков

+ ИЛУСТРАЦИЈА: Бисера Гиновска


_____
Фотографија / Концепт и обработка [насловна]:  Дејан Џолев
Сет асистент: Андријана Антова + Давид Пројковски + Стефани Караџоска + Ана В’чкова
Пост-продукциски асистент: Антионио Станков
Техничка логистика: Ангела Николовкска + Бојана Стоилковска + Крсто Златков



 

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ