• Немате производи во кошничката.
djolev Kurs obuki

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЦЕЛОСНИ СТИПЕНДИИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПРОСЕК ПОД 3.9


Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, во соработка со Институт за дизајн и технологија (ИДТ), повторно ги поддржуваат средношколците и бруцошите од цела Македонија кои изминатата 2021 година ја завршиле со просек под 3,9.

Целта на овој проект е мотивирање на учениците да го продолжат личниот развој во областите на уметноста и дизајнот, како и подигање на свеста за индивидуалниот пристап и важноста на секој предмет од образованието за секој ученик, без разлика на нивниот просек.

„Образовниот систем има тешкотии да ги препознае талентираните ученици. Како школа која организира програми од областа на дизајнот и уметностите, имаме одговорност да се обидеме да придонесеме кон препознавање на овие млади момци и девојки. Искуството од оваа кампања изминатите години ни го потврди ова, запознавме прекрасни, талентирани средношколци, кои поради послабиот генерален просек не биле во можност да бидат пофалени или охрабрени за квалитетите што ги носат во себе. Денес, тие се студенти на генерација на факултети од уметноста, дизајнот и креативните индустрии“, изјави Дејан Џолев, уметнички координатор на „Џолев и уметностите”.


За прв пат, оваа година, на овој повик ќе може да се пријават и средношколци кои во моментот се прва година во средно училиште и студенти кои минатата година завршиле со своето средно образование (односно се бруцоши). Повикот за стипендија е отворен од 25 февруари до 14 март 2022 година и се однесува за новата 21-ва сезона на курсеви.

10 курсеви и обуки за дизајн и уметност и 4 KIDS програми! Во тек се уписите за новата XXI сезона на 14 едукативни програми за деца и возрасни, во вид на обуки, курсеви и работилници со целосна настава во просториите на школата за дизајн и уметност Џолев и уметностите.

КУРС: ФОТОГРАФИЈА 
КУРС: ТЕХНИКИ НА КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ 
КУРС: ADOBE ILLUSTRATOR / ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН 
КУРС : ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ 
КУРС: ФИЛМСКИ АКТЕР 
КУРС: ADOBE PREMIERE: ФИЛМСКА И ТВ-МОНТАЖА 
КУРС: ADOBE PHOTOSHOP: ПОСТПРОДУКЦИЈА И МОНТАЖА НА ФОТОГРАФИЈА 
КУРС : ADOBE AFTER EFFECTS: МОУШН ДИЗАЈН И АНИМАЦИЈА 
КУРС: UX/UI ДИЗАЈН КУРС: ФИЛМСКА РЕЖИЈА
„Секој млад човек треба да се вклучи во креативен процес во кој ќе го пронајде својот професионален пат. Образованието е клучен дел во остварувањето на својот сон како и неизбежен дел од откривање на припадноста кон посакуваната иднина! И оваа пролет нашата Школа по 21-ви пат ќе ги реализира своите кратки програми – обуки и курсеви за дизајн и уметност кои досега биле посетени од над 1.000 учесници. Време е за нови одлуки и нови почетоци!” – Ангела Николовска, наставен координатор. 

Апликацијата за ова стипендирање се поднесува преку електронската пријава со приложено свидетелство од последната година и мотивациско писмо во кое секој кандидат ќе треба да ги наведе причините за избор на програмата и своите понатамошни амбиции во дадената област. Целта на овој проект кој се реализира петти пат по ред е да укаже дека во образовниот процес треба подеднакво да се вреднуваат сите ученици, затоа што секоја индивидуа поседува свои квалитети и вештини, а должноста на образованието е тие да бидат препознаени и правилно насочени Избраните кандидати ќе бидат контактирани, а стипендистите објавени најдоцна до 17 март, на официјалната веб-страница на школата.







Детските обуки, покрај новитетите во програмите, добија и нов наставен координатор. И посакуваме успешен почеток на нашата колешка Марија.

ДЕТСКА ЕДУКАЦИЈА И ЗАБАВА: ДРАМСКИ АКТЕР 
ДЕТСКА ЕДУКАЦИЈА И ЗАБАВА: ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ 
КРЕАТИВНО ПАТУВАЊЕ НИЗ ПРИКАЗНА И ПЕСНА: ПИСАТЕЛИ И ПЕЈАЧИ 
ДЕТСКА ЕДУКАЦИЈА И ЗАБАВА: РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕЦА И РОДИТЕЛИ: ИМАГИНАЦИЈА 
„Многу се радувам што сум дел од новата сезона за КИДС програми. Уживам кога гледам дека уште од мали нозе, сакаат да творат и придонесуваат за себе. Сметам дека уметноста треба да биде вклучена уште од рана возраст како дел од секојдневието. Многу сум горда и позитивно гледам на овој нов почеток и за мене и за нив како креативци.“ – Марија Пејоска, наставен координатор на KIDS програмите.

ДОЛЖНОСТ НА ШКОЛАТА Е ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕ КВАЛИТЕТИТЕ НА СЕКОЈ УЧЕНИК!



Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ