УШТЕ СВЕТЛИНА // ПРВ ФЕСТИВАЛСКИ ДЕН
1.47k
Вчера започна првото онлајн издание на фестивалот Театарски европски алтернативи „STURM UND DRANG“, со претставата „10 Минибалети” на алтернативната театарска група „Колективо Синетико“ од Италија.
„CollettivO CineticO“ е основана во 2007 година од страна на кореографот Франческа Пенини и во моментот функционира како мрежа составена од повеќе од 50 уметници од различни дисциплини. Нивната работа ја премостува врската помеѓу родовите и правилата, притоа рушејќи ги правилата за перформансот и преиспитувајќи ја врската помеѓу гледачот низ крут, но истовремено, ироничен пристап. Имаат остварено повеќе од 60 продукции со коишто имаат освоено бројни награди на фестивалите низ Европа.
Франческа Пенини (Ферара, 1984) ја започнува својата кариера како гимнастичарка, а подоцна се посветува на современиот танц. Студирала при Balletto di Toscana, Laban Centre во Лондон и истражувала низа на дисциплини: од буто до слободен танц, од боречки вештини до натпревари во диско танц.
„10 Минибалети” претставува антологија од танци коишто ја балансираат геометријата и вртлогот, каде што воздушниот елемент е парадигма за рефлексијата на ограничувањето на контролата. Врвот на оваа потрага е бележникот од детството на Франческа Пенини, во којшто има забележано низа од кореографии, смислени, но никогаш неостварени. Временска машина за една невозможна археологија којашто е одбиена од сцената низ серија на несекојдневни можности.
Во студентската програма ја гледавме претставата „Галеб” на Универзитетот во Краиова ( Оддел за уметност). Одделот за уметност при Факултетот за литература едуцира професионалци во областа на театарската и изведбената уметност, кинематографијата, фотографијата и музиката, со можност за нивно прилагодување и интегрирање во тековните културни контексти, коишто стануваат сѐ покомплексни и се во постојан развој.
„Галеб” ја доловува добро познатата иронија на Чехов, преку комедијата „Галеб“. Актерите се обидуваат да го доловат емотивното патување на ликовите на Чехов преку отуѓување и хумор. Одделот за уметности на Универзитетот во Крајова, го користат текстот на Чехов како можност да си играат и да експериментираат со театарските можности, наспроти реализмот, пристапувајќи му на текстот на симболичен начин.
Денес (18.09)
На фестивалот во интернационалната програма ќе можете да ја погледнете претставата „Хамлетмашина” на познатиот автор Хајнер Милер, во режија на режисерката од Турција, Ебру Тартичи Борчерс.

Билети за претставата <<
Во студентската програма ќе ги погледнеме студентите од НАТФИЗ (Бугарија) при Одделот за танцов театар со претставата „Пепелиште”, во режија на нивниот професор Александар Маџуков. Студентската програма е бесплатна за гледање и достапна до полноќ. А вечерашната претстава почнува во 21:00ч.

Линк до претставата <<
