• Немате производи во кошничката.

НА СКАЛИЧКИ СО ИВА ЈОВАНОВА


ЕДНАШ НЕДЕЛНО, „НА СКАЛИЧКИ“ ГО РАЗГЛЕДУВАМЕ ПОСЛЕДНИОТ ПРОЕКТ ВО ПОРТФОЛИОТО НА ЛОКАЛЕН МЛАД УМЕТНИК ИЛИ СТУДЕНТ ПО ДИЗАЈН И УМЕТНОСТ.


Денес на скалички си поразговаравме со Ива Јованова, која покрај тоа што студира архитектура и завршува на Академијата за визуелни уметности при Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, воедно е и дел од тимот на илустратори во Скала Магазин. За себе вели дека е ентузијаст за правење музика, кажување лоши вицеви, а во последно време за готвење, прокрастинирање, брзо зборување и градиенти. 




За архитектурата…


Мојата љубов за набљудување на архитектура како отворен/затворен простор со просторно-визуелна приказна постоеше пред да се запишам на Архитектонски факултет при УКИМ, но последниве пет години додека студирам ја разбрав суштината и важноста на архитектурата за човекот. Морам да признаам дека лично ми е многу страв да се занимавам со архитектура бидејќи гледајќи ја големината и важноста на истата не се чувстувам себеси сѐ уште доволно подготвена за таков голем чекор. Верувам дека разумната, хуманата архитектура придонесува многу за квалитетот на животот, а покрај мојата љубов архитектурата, во овој период од животот ми е многу поблизок до карактерот визуелниот дел и изразување.



За графичкиот дизајн…


За мене втурнувањето во графичкиот дизајн мислам дека започна со колажирање на фотошоп и учење на програмата, како и за време на студирањето имав периоди кога сликав и можев да ја забележам разликата пред/потоа (факултет) во тоа задржување и на основни форми, а и полесно ми беше самото поставување на соодноси во нештата што ги цртав, како некоја пробудена интуиција за просторност на листот, а штом почнав од сликање на стари картони и хамери со пастели и темпера да се префрлам на дигитално цртање, илустрирање и слично нешто кликна во мојот мозок. 



За инспирацијата…


Конкретно за инспирација мислам дека има моменти кога креативната мисла доаѓа навистина природно и сето тоа е супер и инспиративно, но повеќето од времето не е така и особено кога треба да сработам нешто што има deadline, инспирација барам со многу многу истражување и се обидувам да анализирам што е тоа што ми го „фаќа“ окото во дизајнот што ми се допаднал, па потоа се обидувам на некој начин да го применам тоа во мојот дизајн. Сепак, јас сум почетник и се трудам да не си ставам преголем притисок, прифаќам и применувам критика, но на крајот од денот се трудам на крајот да одлучам слушајќи ја сопствената интуиција.



За академијата…


Мислам дека академијата ми „фати“ око и ме заинтересира најмногу преку завршните изложби, знаев дека постои и бев запознаена преку социјални медиуми како фејсбук и инстаграм секако, но на последната изложба конкретно видов доста интересни проекти и си реков хм јас сакам да го правам ова хаха, а исто и знам доста луѓе кои минатите години завршија на некоја од академиите и имале навистина позитивно искуство, така што се чувствував како ова да е мојот момент. Препорака до идни студенти  би била најверојатно  да се вредни во пробување повеќе начини, стилови на изразување за да си го најдат својот и јас сѐ уште работам на случајот.



Омилени проекти… 


Еден од најомилените проекти до сега ми е Типо-календарот што го работевме во првиот семестар/дел од академијата под менторство на Влатко Ристов и Симона Тасевска. Каледарот  на почетокот изгледаше многу поинаку од последната верзија, сегашната и иако имав океј коментари за истиот се чувствував како да може да е многу подобар, па една недела дена си реков го работам дур не сум апсолутно задоволна и цела недела одвојував време и само него го работев. Исто слично искуство имав и на предметот дизајн процес под менторство на Петар Павлов, работевме пакување на CBD производ и мислам дека секој час и вежби или имав некое комплетно ново решение или менував ситници од тие што ги имав и после некое време почнав да се вртам во круг и за да можам да излезам од тој loop си направив анализа на што ми се допаѓа, зошто и како и одвоив време каде што реков дур не го завршам не работам други проекти и така дојде до крајното решение, кое има уште простор за работа, но засега сум задоволна. Најверојатно поука од овие два проекти е дека сум доста тврдоглава и не се откажувам дур не сум 99,99% сигурна дека да, дефинитивно ми се допаѓа последниот продукт на тоа што го работам.



По академијата…


Прилично сум нерешителна и не можам да издвојам еден конкретен проект. До неодамна бев на пракса во „Кома дизајн студио“ и целото тоа искуство ми беше многу интересно, возбудливо и поучно бидејќи имав можност да работам на повеќе различни проекти со постојана конструктивна критика и тоа ме држеше будна и заинтересирана. А исто бидејќи често шифтам од едно на друго нешто уште од средно па наваму правам музика со мојот бенд и како последен проект на којшто активно работевме во последнава година беше еден обид да му дадеме форма на тоа што до сега го имаме како некое ЕП и слично.



За иднината…


Се доживувам себеси како прилично  позитивна личност, но искрено навистина не знам. За почеток во моментот работам за завршување на студирањето архитектура, а во времето измеѓу и после тоа се обидувам да се водам според спонтаните можности кои се случуваат. Во иднина се гледам себеси со повеќе искуства и проекти со кои сум тврдоглаво и упорно горда, како и со нова музика.  





Типо – Календар




























CBD ПРОИЗВОД








ФИЛМ ПОСТЕР












_____
Фотографија [насловна]: Антонио Станков + Дејан Џолев


Студент на Архитектонскиот факултет каде ги завршува магистерските студии и алумни во Џолев и уметностите од Академијата за визуелни уметности. Меѓу другото денес е мултидисциплинарен креативец и Проектен менаџер во Институтот за дизајн и технологија - Скопје. Дел од првиот тим на Скала Магазин како главен и одговорен уредник во пишувачкот оддел, а денес дел од истиот како пишувач.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ