• Немате производи во кошничката.

ПОЛИТИЧКИ СЛИКИ ПОСЛЕ СМРТТА НА УМЕТНОСТА



Истражувачки проект награден на конкурсот за Годишната награда „Ладислав Баришиќ“ за 2019 година на Здружението на ликовни критичари AICA Македонија.


Фотомонтажните интервенции како релевантна политичка акција и нивната дисеминација во медиосферата.


Уметноста во современата медиосфера


Еден од главните проблеми околу уметноста е, всушност, разбирањето и прифаќањето на нејзината политичка димензија, односно специфичниот однос на естетското и етичкото од една страна, и констативното и проективното од друга. Сепак, денес, без разлика на медиумските, стилските, стратегиските, политичките определби и особености, или паралелното постоење на различни традиции, на сè поголем број луѓе им станува јасно дека уметноста, директно или индиректно, експлицитно или имплицитно, е политичка. Всушност, иако концептот уметност е историски строго ограничен, сепак по инерција и речиси неизбежно сè уште сме во ситуација еден дивергентен збир на визуелни и перформативни практики да ги определуваме како дел од специфичен свет на уметноста, наместо како составен дел од проширеното поле на визуелна култура. (…)

Воведен инсерт – текстот во целина превземете го во ПДФ на следниот линк: 
Владимир Јанчевски, Годишна награда AICA-Македонија 2019.

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ