SKALA MAGAZINE #XXX
1 – 31 МАРТ
[целата агенда e подолу во написот]
Добро утро креативци! Ми се гади од зборување, колку да се замолчи тишината. Во тоа друштво најчесто молчам или ја напуштам просторијата. 1. МЕСЕЧНА ТЕМА: НИЕ СМЕ ДИЈАЛОГ Понекогаш пишувам затоа што така треба, а понекогаш пишувам затоа што тоа ми треба. И најчесто кога пишувам затоа што така треба и самиот не се разбирам, а кога пишувам затоа што ми треба, не е ни важно дали некој ќе ме разбере. „Отсекогаш сум мислел за излишноста на зборот, дека најмалку го трога тој онега што му е упатен“. Така зборуваше Конески. „Писмата коишто ми ги пишуваш не ми се обраќаш мене, туку на генерацијата од иднината што ќе ги чита“. Така му возвраќаше Олга на Чехов. Па така и јас, во овие мои месечни воведи. Понекогаш се обраќам на генерација денес, понекогаш се обраќам на читателите од иднината, а многу често се обраќам и на самиот себе. Токму сето ова е причина за сомнеж, дали воопшто некој денес слуша, чита? Гугл аналитикс покажува одлични бројки, но тоа е само нашето ехо. Да ја одржиме мотивацијата е најголемиот предизвик во оваа наша одисеја. Имаме скоро сѐ што ни е потребно, освен понекогаш причина и суштина за нашето скалаџиско творештво. Мотивацијата најчесто ја враќаат зборовите од непознат минувач на улица. Тоа се ретки сегменти кога дијалогот суштествува. Има една маана нашата генерација, за којашто вперувам прст кон образовниот систем, којшто нѐ научи да молчиме кога треба да се зборува или прашува, наспроти празното зборување и озборувања, кога е злато да се молчи. Ми се гади од зборување, колку да се замолчи тишината. Во тоа друштво најчесто молчам или ја напуштам просторијата. Токму затоа се плашам да пишувам колку да се пишува, како што мразам да држам нечија рака, само за да не спијам сам. Мразам да постојам, само за да бидам присутен. Оваа платформа ќе зборува гласно, додека има што да каже, а за тоа се потребни луѓе, гласни во умот и читатели, гладни за естетско спознание. Ние (скалаџии) сакаме дијалог со читателот (со тебе) и сѐ додека тој дијалог е зрел, нашата мотивација е висока, затоа што медиум не е еднострана комуникација, за тоа имам еден предлог збор - пропаганда. На почетокот беше зборот и последно ќе биде. Зборот е моќ, но има помоќен од него, а тоа е делото и дејствувањето или во контекст - меѓуредовите. Ние, режисерите, имаме еден термин за тоа - „драмска пауза“, токму тој мир е најгласен или подобро, најсодржаен. Како што актерот е најтажен кога воопшто не пушта солза. (Пауза) Драг читателу, епилогот од овој пролог ти го оставам тебе, затоа што ние сме на иста страна со различни улоги, ние сме дијалог! Дијалогот е мир, дијалогот е прогрес. 2. НАСЛОВНА СТРАНА: RINOCCA Јубилејната 30-та насловна на „Скала магазин“ е посветена на Студио за продукт-дизајн и висококвалитет, рачно изработен мебел, посветено на „Ринока“, на Катерина Трпковска и Деспина Здравкова. Кога им ја претставив идејата за насловната на девојките, одговорија реторички и загрижено… „Идејата ни се допаѓа, но дали е навистина паметно да се фотографираме токму така за оваа пригода?“ „Ова е нашиот визуелен јазик, како што секој медиум има сопствен изграден јазик, форма и ниво на комуникација. Вие сте гости во „Скала“ и нема поврзаност со вашиот корпоративен идентитет, туку има единствено со нашиот!“ - им одговорив и јас загрижено, од причина што премногу навивавме за оваа идеја, но истовремено бев сигурен дека идејата ќе биде прифатена, затоа што знаев дека комуницирам со зрели личности кои посветиле многу време на своето образование и голем искрен труд во професионалниот развој. Со вакви личности лесно се води дијалог, можеби тешко би нѐ разбрале „комшиите“, но затоа го правиме токму ова, провоцираме со цел подигање на критичката мисла за тоа што е дозволено, а што не. Живееме во ограничени традиционални и квази идеолошки наследени навики и правила, токму затоа сме и ќе останеме новиот глас, ние сме нова генерација со потреба за нови „празници“. Голото тело може да биде философија, може да претставува еротика или порнографија. Како ти гледаш на ова, зависи од твоето естетско мерило. Интервјуто, разговорот со овие две инспиративни девојки, ќе биде објавено на 16 март, во 12:00ч. 3. + СЕКСИ ИНФО: ОВАА ПРОЛЕТ ЌЕ ЦВЕТА! СКАЛА ИЗЛОЖБИ: Повторно ќе се видиме во галерија, очекувајте нови три повици за групни изложбени поставки помеѓу месец април и јули. САЕМ ЗА КРЕАТИВНИТЕ ИНДУСТРИИ: На 20 мај, по вторпат, ќе се случи големиот скалаџиски празник „Добро утро креативци“. Саем на уметниците, дизајнерите и занаетчиите или, популарно кажано, саем за креативните индустрии. Очекувајте наскоро повеќе детали, 10 компании и автори ќе имаат можност да се претстават јавно. Секако, ќе има музика, јавни дебати, изложби и пред сѐ, размена на искуства и емоции. ВТОР ПЕЧАТЕН БРОЈ: Оваа пролет ќе излезе и второто печатено издание на „Скала магазин“! 136 страни високо квалитетна содржина и печат, во голем формат (31х24см.) А ти сѐ уште го немаш првото? (Прочитај во P.S.) НОВИ ПОДКАСТИ: Овој месец започнуваме со нов подкаст! „Парк шема“, со Андреј и Перо, а следуваат и нови епизоди од „Будење“, со мене. Во претпродукција се и уште неколку идеи, но за тоа малку подоцна. 4. ДОБРО УТРО: КРЕАТИВЦИ Драги скалаџии, ние сме дијалог <3 P.S. Купете си Скала-печатено издание - поддржете го нашиот труд, за да продолжиме да го поддржуваме и вашиот!
Ваш, Дејан Џолев главен бандит на цела Скала банда.
1 – 31 MAРТ
ВТОРНИК • 01.03.2022
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 02.02.2022
12:00 / Oбразованието е повеќе од просек 5.0 / Настан / Дизајн + уметност
ЧЕТВРТОК • 03.03.2022
/
ПЕТОК • 04.03.2022
/
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 07.03.2022
12:00 / Насловна бр. XXX
ВТОРНИК • 08.03.2022
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 09.03.2022
12:00 / Конкурс: четврта Скала изложба / Настан / Визуелни уметности
ЧЕТВРТОК • 10.03.2022
12:00 / На скалички со… / Марија Ифтимова / Академија за ентериер и продукт дизајн
ПЕТОК • 11.03.2022
/
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 14.03.2022
12:00 / Есеј / Бенкси против сите / Ангела Николовска + Анастазија Велкова / Интелектуална сопственост
ВТОРНИК • 15.03.2022
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 16.03.2022
/
ЧЕТВРТОК • 17.03.2022
12:00 / На скалички со… / Сара Илиевска / Академија за ентериер и продукт дизајн
ПЕТОК • 18.03.2022
12:00 / ВИДЕО / ЧИТАНКА / со Ана Голејшка Џикова
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 21.03.2022
/
ВТОРНИК • 22.03.2022
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 23.03.2022
/
ЧЕТВРТОК • 24.03.2022
12:00 / На скалички со… / Мартина Пенева / Академија за ентериер и продукт дизајн
ПЕТОК • 25.03.2022
/
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 28.03.2022
12:00 / Разговор со… / Rinocca: Катерина Трпковска + Деспина Здравкова / Продукт дизајн и дизајн на мебел
ВТОРНИК • 29.03.2022
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 30.03.2022
12:00 / Писмо од дијаспората / Сара Стојчевска / Лондон
ЧЕТВРТОК • 31.03.2022
12:00 / На скалички со… / Кристина Петровска / Академија за ентериер и продукт дизајн
ПЕТОК • 01.04.2022
10:00 / ВИДЕО / ПОДКАСТ: Будење / со Дејан Џолев
— —
* Сите содржини [написи] ќе бидат објавени и линкувани во закажаниот термин.
НАСЛОВНА СТРАНА
ЛИЦA: Катерина Трпковска и Деспина Здравкова.
ФОТОГРАФИЈА: Rêve à Deux [Дејан Џолев + Антонио Станков]
РЕДАКЦИЈА
ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Дејан Џолев
ЗАМЕНИК УРЕДНИК: Елена Божиновска
УРЕДНИК НА ФОТОГРАФИЈА: Антонио Станков
УРЕДНИК НА ДИЗАЈН: Андреј Павлов
ТЕХНИЧКИ УРЕДУВАЧ: Марија Пејоска
ВЕБ ДЕВЕЛОПЕР: Георгиј Голабоски
ЛЕКТОР: Николче Јакимовски
ФИНАНСИСКИ И ПРАВНИ РАБОТИ:
Оливера Матакова
Кристина Крагујевска
[цела редакција – прочитај тука]