• Немате производи во кошничката.

СКАЛА ПОД ЧАДОР // Издвојуваме: 10 Интервјуа реализирани од Дејан Џолев


Цел август ви споделуваме популарни објави, кои можеби сте ги пропуштиле.

Издвојуваме: 10 интервјуа реализирани од Дејан Џолев, од вкупно 25 [од авторот] во временски период од 2020/22.


ТАМАРА КОТЕВСКА
Без тефтер за идеи не тргам никаде“ // Филм

„Моментално бркам видри, под сенка на дојранска дива плажа.“ – ми одговори Тамара Котевска режисерката на „Медена земја“, најуспешниот македонски филм, ако воопшто филмот може да има пасош и државјанство, тоа е како „Концерт за пијано бр. 2“ да е руска песна.





ДЕЈАНА ПОПОСКА
Аскетскиот шарм на монденскиот живот“ // Филм

ПОПОСКА: Оговараме! Иако тоа тука така не го дефинираат. Велат дека зборуваат на некоја тема којашто вклучува некои луѓе кои ги познаваат и дека на социјално и психолошко ниво случајот е интересен за дискусија – абе ајде!





ФАНК ШУИ
Мора да држиме дистанца! Но на луѓето им треба и музика!“ // Музика

Ден потоа, прилично одалечени од центарското градско подрачје ги најдовме момците во куќа опкружена зеленило, небо и тишина. Лука беше загрижен за нередот, а јас немав поим за што зборува, тоа беше „рај“, барем тоа беше мојот прв збор кога влегов во нивниот интимен простор за создавање музика. 





ИРИНА ТОШЕВА
„Експлоатацијата е поефтина од иновацијата“ // Моден дизајн

ТОШЕВА: Технологијата за производство на облека не е драстично променета и модернизирана во последните 50 години. Зошто? Затоа што трудот (експлоатацијата) е сè уште поевтин од иновацијата.





ФИЛИП ЈОВАНОВСКИ
НЕПРИЈАТЕЛИТЕ ЧЕКААТ ДА СЕ УМОРИШ“ // Современа уметност

ЈОВАНОВСКИ: Современата уметност треба да се занимава со формирање, обликување на општеството, неделива е од општеството, не може да биде изолирана од контекстот политички-социјален, треба да се замимава со родови теми, со човекови права, со проблеми на контекстот на општеството. Не може да се оддели, според мене, не би требало!






RINOCCA
СКРЕЧОВИ НА ДРВО, А НЕ ПЛАСТИКА“ // Продукт дизајн

ЏОЛЕВ: Мојот драг професор Јовица Мијалковиќ велеше дека не постои лош материјал, единствено постои лош дизајнер. Зошто дрво, а не пластика? 

ТРПКОВСКА: Дрво да, затоа што е природен материјал којшто, како што се создава од земјата, така и се соединува со неа при процес на разградување или рециклирање, без притоа да нанесе штета на сметка на околината, ако тоа се прави внимателно и по прописи. 






MAЛА
ХИБРИДЕН ПРОСТОР ЗА ГОЛЕМИ ИДЕИ“ // АРХИТЕКТУРА

Ние како архитекти можеме сѐ, бидејќи таква ни е професијата „сестрана“ …на факултет учиме многу! Архитектурата ни го формира начинот на облекување, движење, зборување… Најфраери сме зошто учиме сѐ: уметност, историја, математика, графика, статика, дизајн…





АНА ЈАКИМСКА
СТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА ПРЕМЕСТУВАЊЕ НА ИНВЕНТАРОТ
// ФИЛМ

ЏОЛЕВ: Замисли неуредна просторија, расфрлени хартии, списанија, книги. Чорапи на подот, од вчера и од завчера. Шолја недопиено кафе на масата, остатоци од храна и цигари. Алишта на креветот, алишта на столот… Спуштени ролетни, темно и загушливо. Замисли дека тоа е просторија во која треба да живееш неколку дена… Што ќе направиш најпрво кога ќе влезеш во просторијата?





MЕРИ ШЕШО
Герила маркетингот не е мртов“ // Графички дизајн

„Препорачај ми некој со цел анализа на потенцијалните промени во начинот на огласување кај компаниите, ми треба маркетар од маркетинг-агенција или дизајн-студио“ – ја замолив Александра Новеска, преку инстраграм, затоа што ја немав на фејсбук.

„Тебе ти треба Мери Шешо, пиши ѝ веднаш, не чекај пладне, затоа што на Мери ручекот ѝ е посебен ритуал, немој да ја реметиш“, ме предупреди Александра.


Ѝ пишав на фејсбук:





ТЕА БЕГОВСКА
Најверојатно тоа што треба да бидеме, сме во секое време“ // Театар

Најверојатно тоа што треба да бидеме сме – секогаш! Во секое време. Желбата да се биде некој друг мислам дека е огромна восхит и почит кон таа личност, а не „бивање другиот“.


Ти се смачи од стариот шифуњер дома и плафоњерките во тоалетот?  Започни ја твојата кариера од соништата и запиши се на Академијата за ентериер и продукт дизајн.

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ