SKALA MAGAZINE #XXXIV
28 СЕПТЕМВРИ – 28 ОКТОМВРИ
[целата агенда e подолу во написот]
Трет октомври по ред, го посветуваме на студентите од Школата за дизајн, уметност и технологија „Скала“ [поранешно „Џолев и уметностите“] [линк], а токму тие, студентите се креаторите на „Скала магазин“, од технички, креативен и содржински аспект. „Скала магазин“ како платформа за дизајн и современа уметност, во текот на целата година е отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена, но сепак еднаш годишно, се вртиме кон самите нас, со цел да ги претставиме студентите, нивните дела и активности. Зошто октомври? Затоа што секој октомври се случува најголемата студентска изложба за дизајн, којашто опфаќа повеќе дизајн-категории: графички, моден, ентериер, продукт, веб-дизајн и визуелни уметности. Традиционално, поделени во 6 посебни изложбени простори. Оваа година, големата дизајн-изложба ќе се случи на 14 октомври, во 19:00ч., во просториите на „Паблик рум“, каде што повеќе од 70 студенти ќе ги изложат своите дела, проекти и работни процеси. Тоа ќе биде нивниот последен „час“, но истовремено, ќе пречекаме нова генерација студенти, оние кои ќе стојат зад оваа платформа, во текот на следните 11 месеци. Со овој чин, ние како редакција им се заблагодаруваме на студентите за одвоеното време, за вложениот труд и љубов кон „Скала магазин“ и цела Скала банда. Драги Скалаџии, Ви посакувам успешна кариера <3 Овој месец е наш. Да зборуваме за дизајн! Ваш главен бандит, Дејан Џолев // Скала магазин бр. 34
28 СЕПТЕМВРИ – 28 ОКТОМВРИ
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 26.09.2022
/
ВТОРНИК • 27.09.2022
12:00 / Настани / Неделен културен информатор / Култура и уметност
СРЕДА • 28.09.2022
12:00 / Насловна страна / бр. 34
ЧЕТВРТОК • 29.09.2022
12:00 / Новата сцена / На скалички со / Мартин Чичовски / Филм / Академија за визуелни уметности
ПЕТОК • 30.09.2022
12:00 / Видео / Дизајн азбука / Бисера Гиновска / Академија за ux/ui дизајн
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 03.10.2022
12:00 / Новата сцена / Разговор со / Андреј Медиќ Лазаревски, Ева Николовска, Елена Божиновска, Ангела Бошкоска / Пишувачите на Скала
ВТОРНИК • 04.10.2022
12:00 / Настани / Неделен културен информатор / Култура и уметност
СРЕДА • 05.10.2022
12:00 / Новата сцена / Разговор со / Мирјана Јосифовска / Алумни
ЧЕТВРТОК • 06.10.2022
/
ПЕТОК • 07.10.2022
12:00 / Видео / Дизајн азбука / Ана В’чкова / Академија за визуелни уметности
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 10.10.2022
12:00 / Менторски осврт / Разговор со / Симона Димковска + Стефани Караџовска / Урбанизам / Академија за визуелни уметности
ВТОРНИК • 11.10.2022
12:00 / Настани / Неделен културен информатор / Култура и уметност
СРЕДА • 12.10.2022
12:00 / Настани / Најава / DECENIUUM / Изложба на дизајн / Школа за дизајн и уметност – Скала
ЧЕТВРТОК • 13.10.2022
12:00 / Новата сцена / Писмо од дијаспората / Леон Ристов / Филм / Њујорк / Алумни
ПЕТОК • 14.10.2022
19:00 / PUBLIC ROOM :: DECENIUUM / Изложба на дизајн / Школа за дизајн и уметност – Скала
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 17.10.2022
/
ВТОРНИК • 18.10.2022
12:00 / Настани / Неделен културен информатор / Култура и уметност
СРЕДА • 19.10.2022
12:00 / Настани / Импресии :: DECENIUUM / Изложба за дизајн
ЧЕТВРТОК • 20.10.2022
/
ПЕТОК • 21.10.2022
/
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 24.10.2022
/
ВТОРНИК • 25.10.2022
12:00 / Настани / Неделен културен информатор / Култура и уметност
СРЕДА • 26.10.2022
/
ЧЕТВРТОК • 27.10.2022
/
ПЕТОК • 28.10.2022
/
— —
* Сите содржини [написи] ќе бидат објавени и линкувани во закажаниот термин.
* Во текот на месецот дополнително ќе бидат објавени написи кои не се најавени во рамки на насловните информации.
НАСЛОВНА СТРАНА:
Фотографија и обработка: Дејан Џолев;
Сет фотографи: Ана В’чкова, Андријана Антова, Стефани Караџовска;
Сет асс.: Давид Пројковски;
Логистика: Ангела Николовска, Крсто Златков, Бојана Стоилковска, Давид Пројковски;
Лица: Активни студенти во редакција на Скала магазин + студенти од месечните рубрики.
РЕДАКЦИЈА
ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Дејан Џолев
ЗАМЕНИК УРЕДНИК: Елена Божиновска
ПИШУВАЧКИ УРЕДНИК: Ана Голејшка Џикова
УРЕДНИК НА ФОТОГРАФИЈА: Антонио Станков
УРЕДНИК НА ДИЗАЈН: Андреј Павлов
ВЕБ ДЕВЕЛОПЕР: Георгиј Голабоски
ЛЕКТОР: Николче Јакимовски
МАРКЕТИНГ: Бранко Кордовски
ФИНАНСИИ: Оливера Матакова
ПРАВНИ РАБОТИ: Кристина Крагујевска
[цела редакција – прочитај тука]