SKALA MAGAZINE #XXII
1 – 30 ЈУНИ
[целата агенда подолу во написот]
Добро утро креативци! Денес [1 јуни, 12:00ч.], Скала магазин наполни една година од првиот објавен напис. Нека расте потребата за нашето постоење! Драги артисти - да се множат причините за вашето творештво! Драга публико - културата е вашата духовна храна, ќе се обидеме внимателно да го сервираме месечното мени. Овој јуни… 1. СРАМ ТЕ БИЛО Месец јуни ќе биде посветен на темата „срам“. Ќе зборуваме за срамот - зошто се срамиме? …и за тоа како се манифестира психо-физички срамот, за туѓиот срам и за бессрамието, низ призма на уметностите и уметниците. Дополнително, дизајнерите и фотографите ќе се обидат да ја визуелизираат темата. Антонио Станков ќе реализира фото-есеј, додека Андреј Павлов, Стефан Танков, Ива Јованова и Деница Стојкоска, ќе го илустрираат срамот. 2. БИАНАЛЕ vs. ОДБИАНАЛЕ Пост-настан во фокус ќе биде 13-тото Биенале на млади уметници, што се одржа на четири локации помеѓу 19-22 мај во Скопје со наслов „Страст за лутање“. Проф. Небојша Вилиќ преку пишан збор, ќе даде осврт за овој значаен настан од областа на современата уметност, со парабола и кон Одбианалето што се случи во центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ - изложбена поставка на одбиените апликации-дела од конкурсот. Исто така, во рубриката „На скалички со“, ќе издвоиме простор за двајца автори од Бианалето и Одбианалето. 3. НОВА РУБРИКА Овој јуни ќе стартува и новата рубрика „Писмо од дијаспората“. Целта на оваа рубрика е да се запознаеме со младите автори и студенти кои гравитираат надвор од домашните граници. Ќе ни пишуваат за нивната дневна рутина. Ќе ни пренесуваат импресии за некој нов проект во процес, но и за нивното омилено место во градот. 4. НАСЛОВНА СТРАНА Квадратот го доделуваме на Дејана Попоска (актер и режисер). Зборувавме за случувањата од Париз, преку Кан, до Рим, со фокус на нејзиното образование и кариера. За нејзините аскетски, но и монденски преплети и расплети. 5. КРЕАТИВЦИ! Од име на целата Скала банда, ви посакуваме продуктивен и креативен месец. Читајте Скала, дигитално и тактилно. Доколку сѐ уште не си го купил првото печатено издание на Скала магазин, направи го тоа веднаш - поддржи нѐ за да продолжиме да ве поддржуваме, постоиме едни за други!
Ваш, Дејан Џолев главен и одговорен уредник
1 – 30 ЈУНИ
ВТОРНИК • 01.06.2021
12:00 / Насловна бр. XXII
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 02.06.2021
12:00 / Eдна година Скала магазин / Инфо
12:00 / Менторски осврт / Современиот музеј како поле за конструктивна конфронтација / Владимир Јанчевски / Современа уметност
ЧЕТВРТОК • 03.06.2021
12:00 / На скалички со Ана Трајковска / БИАНАЛЕ / Графика
ПЕТОК • 04.06.2021
12:00 / Разговор со Дејана Попоска / Аскетскиот шарм на монденскиот живот / Интервју
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 07.06.2021
/
ВТОРНИК • 08.06.2021
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 09.06.2021
12:00 / Менторски осврт / Приказната на с(н)екој дизајнер / Петар Павлов / Креативни индустрии
ЧЕТВРТОК • 10.06.2021
12:00 / На скалички со Александар Ефтимовски / ОДБИАНАЛЕ / Скулптура
ПЕТОК • 11.06.2021
/
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 14.06.2021
12:00 / Писмо од дијаспората / Наталија Гучева / Визуелни уметности
ВТОРНИК • 15.06.2021
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 16.06.2021
12:00 / Менторски осврт / Тема: Срам / Суад Беговски – Сухи / Театар
ЧЕТВРТОК • 17.06.2021
12:00 / На скалички со Александар Томовски / Фотографија и филм
ПЕТОК • 18.06.2021
/
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 21.06.2021
12:00 / Импресии / Факултет за ликовни уметности – Скопје / Ликовна уметност
ВТОРНИК • 22.06.2021
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
12:00 / Менторски осврт / Бесцелноста на Од/Бианалето / Небојша Вилиќ / Современа уметност
СРЕДА • 23.06.2021
12:00 / Менторски осврт / Тема: Срам / Теа Беговска / Живот
ЧЕТВРТОК • 24.06.2021
12:00 / На скалички со Матеа Грчароска / Илустрација
12:00 / Спонзорирана вест / Конкурс за млади автори / “Театарски Европски Алтернативи” – STURM UND DRANG
ПЕТОК • 25.06.2021
12:00 / Спонзорирана вест / Повик за стипенсии / Џолев и уметностите
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 28.06.2021
/ 12:00 / Фото-есеј: Срам / Антонио Станков и Дејан Џолев
ВТОРНИК • 29.06.2021
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 30.06.2021
12:00 / Галерија / Илустрација / Тема: срам
— —
* Сите содржини [написи] ќе бидат објавени и линкувани во закажаниот термин.
* Во текот на месецот дополнително ќе бидат објавени написи кои не се најавени во рамки на насловните информации.
НАСЛОВНА СТРАНА
ЛИЦЕ: Дејана Поповска
ОБРАБОТКА НА ФОТОГРАФИЈА И ДИЗАЈН: Дејан Џолев
РЕДАКЦИЈА
ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Дејан Џолев
УРЕДНИК НА ПИШУВАЧКИ ОДДЕЛ: Елена Божиновска
УРЕДНИК НА ФОТОГРАФИЈА: Антонио Станков
УРЕДНИК НА ДИЗАЈН: Андреј Павлов
ДЕВЕЛОПЕР: Георгиј Голабоски
ЛЕКТОР: Николче Јакимовски
ФИНАНСИСКИ И ПРАВНИ РАБОТИ:
Оливера Матакова
Кристина Крагујевска